Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување, со кој е дефинирана заедничка ексклузивна соработка.
Зголемувањето на основната главнина се врши со парични влогови, а акциите од новата емисија се наменети за познат купувач – единствениот акционер и институционален инвеститор Халк Банка АД Скопје.
Триглав Осигурување АД, Скопје во претстојниот период очекува да ја одржи водечката позиција на пазарот и да ја задржи профитабилноста и сигурноста во работењето.
Неискористениот дел од резервите за инвестиции за 2020 година, во износ од 2.546.086 денари, како што се наведува, се враќа во нераспределена добивка.
СН Осигурителен брокер АД Битола го нуди најдобриот пакет од 515 денари месечно за доброволно приватно здравствено осигурување SN Eurohealth, којшто овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи.
Уникатноста на ТРИГЛАВ полисата за осигурување на живот се состои токму во бројните осигурителни можности кои се својствени единствено за оваа полиса.
Зад себе има обемно професионално искуство во корпоративниот сектор, стекнато на повеќе раководни функции на домашниот и на интернационалните пазари
Најголемата штета што лани ја исплатил Еуролинк изнесува 9,23 милиони денари (150.000 евра) и се однесува на обештетување по основ на пожар на имот.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје од почетоците на пандемијата минатата година, обезбеди целосно осигурително покритие на сите свои осигуреници во случај на смрт од CoVid-19.
На осигурителниот пазар работат вкупно 16 друштва за осигурување меѓу кои 11 покриваат ризици од осигурување неживот, а пет компании се специјализирани за осигурување живот.
Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 175-та седница, одржана на 29-30.03.2021 година, го назначи Војдан Јорданов за извршен директор во Триглав Осигурување АД, Скопје, со мандат од четири години.
Групацијата Триглав во 2020 година ја задржа водечката позиција на пазарот во Северна Македонија, обезбедувајќи бруто полисирана премија за неживотно и животно осигурување од 21 милион евра и вкупен удел на пазарот од 12,9%, што е за 1 процентен поен помалку во споредба со минатата година.
Граѓаните лани во осигурителни полиси вложиле вкупно 507,4 милиони денари односно 8,25 милиони евра, а приватни компании и државните институции платиле 1,35 милијарди денари, односно 22,01 милиони евра.
Отсега сите клиенти и соработници на компанијата ќе можат да добијат комплетна услуга на Пиринска бр.23, Скопје, а сите телефонски броеви и дигитални канали за комуникација остануваат непроменети и достапни 24/7.
На нашиот осигурителен пазар оперираат 16 компании од кои 11 друштва продаваат неживотно осигурување, а пет се компании за животно осигурување.
Со оваа препорака Агенцијата им сугерира на компаниите кои лани работеле профитабилно вкупната добивка од 417 милиони денари (на ниво на осигурителна индустрија) да ја пренесат во капиталот и резервите на друштвата.
Препораката денеска е испратена до сите осигурителни компании на домашниот пазар за осигурување.
Триглав Осигурување Живот го пресели своето седиште на нова локација, на булеварот 8-ми Септември бр.18, кат 2, Скопје.
Негативното влијание на Ковид-19 беше 1,3 милијарди евра, забележува Allianz, а деловниот извештај исто така покажува намалена побарувачка за автомобилско и патничко осигурување.
Триглав oсигурување живот со нов производ: Колективно ризико осигурување во случај на смрт од болест
Производот е наменет за компании кои сакаат своите вработени да ги заштитат од ризиците на секојдневието и да ги осигуруваат од ризикот смрт од болест.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на 95-тата седница донесе Решение со коешто на Акционерското друштво за осигурување Граве Неживот Скопје му даде одобрение да издаде...
СН Осигурителен брокер АД Битола останува синоним за доверба, висок квалитет на услугите, чесен однос кон осигурениците и концепт на современа програма за осигурување.
Топлотните бранови и сушата, што предизвикуваат шумски пожари минатата година во западниот дел на САД предизвикаа штета од 16 милијарди долари.
Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.











