Прегледот на финансиските податоци за котираните друштва на Македонска берза за 2016 година, покажува дека 85 компании оствариле позитивен финансиски резултат, а кај 21 компанија е евидентирана загуба.
Загубата во износ од 6.062.463 денари, остварена во деловната 2016 година, се пренесува во акумулирана загуба од претходните години.
Кредитната картичка Mastercard World е втората бесконтактна кредитна картичка, којашто Халкбанк им ја нуди на своите клиенти и овозможува бесконтактно плаќање на брз и едноставен начин.
ТТК Банка планира тековната 2017 година да ја заврши со добивка по оданочување во висина од 84.396.000 денари.
Пет проценти од добивката, којашто е во износ од 9.121.988 денари, се распоредуваат на законски резерви во износ од 456.100 денари. На име бруто дивиденда се издвојува износ од 4.302.540 денари, додека остатокот од нето добивката во износ од 4.363.348 денари се акумулира.
Ова е за два и пол пати понизок во споредба со земјите од Централна и Југоисточна Европа, каде што просекот е 45 трансакции по глава жител, и неколкукратно пониско во однос на старите земји членки на Европската унија (102 трансакции по глава жител).
Последен ден на тргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 10.04.2017 година, односно за прв де на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува на 11.04.2017 година.
Бројот на блокирани сметки на крајот од 2016 година, што се во сопственост на 117.602 блокирани депоненти, изнесуваше 244.049 (или 6,3% од вкупните трансакциски сметки).
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 11-ти овој месец, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 12-ти април.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10-ти април, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 11-ти април. Датум на стекнување на право на дивиденда е 13-ти април.
Од друга страна, АрцелорМиттал (ЦРМ) во текот на 12-те месеци од 2016 година, прикажа загуба од 152.383.000 денари.
Во 2016 година, компанијата Жито Лукс успеа да ја подобри бруто добивката за 45 милиони денари или 14% во споредба со минатата година.
Тутунски комбинат од Прилеп ланската година ја заврши со загуба од 65.880.000 денари, покажува финансискиот извештај за 2016 година.
Добивката остварена од работењето на ДГ Бетон во текот на 2016 година во износ од 88.364.921 денари се распределува на следниот начин: реинвестирана добивка од 69.864.921 денари и награда за менаџерскиот тим во бруто износ од 18.500.000 денари.
Учениците се запознаа со улогата и функциите на Берзата на македонскиот пазар на хартии од вредност, а имаа можност преку берзанскиот електронски систем за тргување да го проследат тргувањето во живо и да се запознаат со начинот на склучување на трансакции со хартии од вредност.
Кредитот е наменет за задоволување на личните потреби на клиентите за одредени промени во домот, со што би се зголемила енергетската ефикасност на нивниот дом и со тоа ќе ги намалат месечните трошоци за греење/ладење и електрична енергија.
Бруто износот на дивиденда за 2016 година за една обична акција е 70,92 денари.
ФЗЦ 11 Октомври од Куманово, од први јануари до 31-ви декември 2016 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 150.598.000 денари.
Комерцијална банка до 31.12.2017 година го продолжува промотивниот период на сите новоодобрени : станбени кредити со ЕУР клаузула, потрошувачки кредити и денарски станбени кредити.
Струмица Табак оствари 457.890.000 денари загуба. Една година претходно, компанијата евидентираше добивка од 4.998.000 денари.
УЈП ги информира работодавачите дека спроведува активности за утврдување и наплата на придонесите по службена должност, во случај кога обврзникот за пресметка и уплата на придонеси не поднел Месечна пресметка (образец МПИН).
Технометал Вардар во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 3.910.000 денари.
Компанијата Ветекс од Велес минатата година ја заврши со позитивен финансиски резултат од 9.498.000 денари.
Хотели Метропол од Охрид прокнижи добивка од 12.472.000 денари. Во периодот јануари – декември 2015 година, компанијата прикажа добивка од 26.456.000 денари.