Општина Илинден обезбеди четири бесплатни проекти за изградба на куќа за сите оние што на јавните електронски наддавања успеаја да обезбедат градежни парцели за индивидуално домување во населбата Јака.
Во рамки на проектот, учениците на возраст од 16 до 18 години, од таа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денеска ќе потпише меморандум за соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Врнежите ќе се почести во западните делови од земјата и во крајниот исток.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 37.336 мил. nm3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 125,9%.
Агенцијата за вработување на Република Македонија и Заводот за вработување на Црна Гора денеска во Скопје ќе потпишат договор за соработка.
Здружението на приватни лекари на Македонија ги повикаа невработените лица, носители на здравствено осигурување најдоцна до 31 март да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Семинар за важноста од сертифицирање на шумите во земјите на Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје со поддршка на фондацијата Поврзување на природни вредности и луѓе (ЦНВП).
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Дневните температури ќе се движат од четири до 16 степени.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
Студентите на економските и техничките факултети од денеска до крајот на месецов може да се пријавуваат на конкурсот за изработка на најдобар бизнис план за енергетска ефикасност што е објавен на веб-странцата www.energetskaazbuka.mk.
Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Франција во Македонија започнаа иницијатива за зголемување на економската и трговската соработка помеѓу двете држави, за која е оценето дека не е на потребното ниво.
Индустријата за мебел годинава бележи пораст. Тоа го потврдува и годинешниот јубилеен 40-ти по ред Меѓународен саем на Мебел на кој ќе има рекорден број учесници од земјава.
Со цел продолжување и продлабочување на соработката беше разменет и меморандум за соработка со кој Народна Република Кина ќе и додели на Македонија средства во висина од 2,5 милиони евра.
Факултетот за електротехника и информациски технологии утре организира работилница на тема Технологии за третирање на храната со јонизирачко зрачење.
Граѓаните кои сакаат да учествуваат во наградната игра Фискална во рака – награда без мака покрај по пошта, адресираните коверти со фискални сметки и лични податоци можат да ги оставаат и на специјално одредените пунктови
Австриската компанија Новоматик груп која е позната во светот на индустријата на игри е новиот сопственик на хотелот Фламинго кај Гевгелија. Менаџментот на компанијата соопшти дека станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра.
Оваа термоелектрана на биогас ќе биде прв ваков проект не само во Македонија, туку и пошироко, со што Република Македонија на некој начин станува лидер во регионот за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и ќе бидат проследени со ретки грмежи.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Општина Штип и ЈП Исар добија донација од 415.000 евра, а кои се искористени за нова опрема. Македонија и Словенија имаат одлична соработка, а со донацијата во опрема за Филтер станица на граѓаните ќе им се овозможи доволно количини на питка вода за пиење.
Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 54.392 деловни субјекти со 335.771 вработени лица, во кои е остварен вкупен промет од 947.410 милиони денари
Анализите покажале дека кај поголем дел од македонското население нема доволна свесност за ризиците од природни катастрофи. Перцепцијата е дека државата претставува единствено решение за апсорбирање на ризикот