Сервисни

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека е објавен деветтиот Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ.
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 15 до 21 степен.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.
Трошоците за живот во јануари се намалени за 0,1%, а цените на мало зголемени за 0,2% во однос на декември минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од Тутунска и Охридска банка информираат дека е започнато исплаќањето на субвенциите за тутунот предаден во Алијанса од Кавадарци, Сокотаб од Битола, прилепскиот тутунски комбинати и Струмица табак.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.997.546 илјади денари, што е за 119,3% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четврто тримесечје од 2013 година, во однос на четврто тримесечје од 2012 година, е намалено за 12,6 %.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 2% на месечно ниво, а за 5,3% на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје
Додека не профункционираат регионалните депонии за управување со отпадот предвидени со Стратегијата за управување со отпад, постоечките депонии мора да исполнат одредени минимални критериуми за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно. Попладне во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините локален снег.
Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има кај Делчево, Сарамзалино и Гевгелија.
Во Клиничката болница Аџибадем Систина прв пат во Македонија е направена интервенција за излекување на ќелавост со помош на ФУЕ метода.
Директорот на Царинска управа Наташа Радеска Крстевска и управителот на СИЗ Македонија Сообраќај – АМЕРИТ Златко Кочовски денеска потпишаа Анекс на договорот за соработка помеѓу двете институции.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,5% на месечно ниво, односно за 2,3% на годишно ниво.
Македонските приватни компании, општини и јавни комунални претпријатија можат да ја користат втората кредитна линија на Европската банка за обнова и развој ВЕБСЕДФ 2 за да ги намалат трошоците за енергија.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. Појава на магла има на патниот правец Росоман - Плетвар со видливост до 50 метри.
Во Албанија последно зголемување на пензиите имало во 2012, а просечната пензија е 100 евра. Во Косово просечната пензија е 112 евра, а во Македонија околу 170 евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2013 година изнесува 33.679, а бројот на ноќевањата изнесува 69.024.
Агенцијата за вработување денеска го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, кој е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година.
Во општина Крива Паланка денеска беше потпишан договор за изградба на дел од минор коритото на Крива Река. Проектот е финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Републикa Бугарија
Федерацијата на фармерите на Република Македонија во Струга одржа работилница за компаративна анализа и мапирање на традиционални производи во рамките на проектот Почувствувај го здравиот рурален живот.
За рурален развој во 2014 и 2015 година на општините ќе им бидат доделени една милијарда денари буџетски средства и дополнителни 18 милиони евра од ИПА фондовите, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.