Сервисни

Општината Каен од француската провинција Долна Нормандија, финансиски ќе ја поддржи изработката на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид.
На студентите им е неопходна активна соработка со компаниите за да бидат конкурентни на пазарот на труд. Од факултетите добиваат теоретска настава, но не и доволно пракса.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во декември 2013 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на декември 2012 година.
Општина Штип апелира до граѓаните кои се засегнати со легализација на бесправни објекти на земјоделско земјиште, што побргу да достават документација или истата да ја докомплетираат ако се пријавиле.
Германското друштво за меѓународна соработка и Швајцарската агенција за развој и соработка ќе финансираат неколку регионални инфраструктурни проекти од голема важност за Југозападниот плански регион.
Машинскиот факултет од Скопје и Техничкиот факултет од Битола ќе ги спроведуваат обуките за полагање на испити за енергетски контролори
Компаниите Далија-табак од Делчево и Соко-та од Битола од тутунопроизводителите во општините Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово до сега имаат откупено над 120 тони тутун.
Во утринските часови има појава на мраз, а во текот на денот ќе дува умерен ветер со променлив правец.
Поради ниските температури во текот на ноќта можна е и појава на голомразица на повисоките и осојничави места, како и на мостовите. Поради силниот ветар, на одделни места можни се наноси на коловозите.
Државна лотарија на Македонија, од денес ќе постави отворен пункт за оставање коверти за учество во наградната игра Фискална во рака - награда без мака, на Плоштад Македонија во Скопје на две локации.
Проектот за изработка на апликацијата траеше три месеци, а корисниците ќе можат да ја симнуваат преку Google play.
Земјоделскиот инспекторат денеска ја укина забраната за откуп на тутун на Прилепскиот тутунски комбинат, со што на Комбинатот му е дозволено од понеделник да продолжи со откупот на тутунот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 668.003 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува раст од 5,4%.
Земјоделците при средбите најмногу се интересираат за субвенциите за 2013 година и дали тие ќе продолжат и понатаму, а потоа за ИПАРД програмата и програмата за рурален развој чие аплицирање заврши на 15 јануари.
Централниот регистар во рамки на Отворените денови ја посети општина Гевгелија каде одржа презентација на проектите кои треба да им ги олеснат и поедностават работите на лицата кои се должни да изготвуваат и поднесуваат финансиски документи.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, кои на места ќе бидат и пообилни (над 20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и Стража, но не се задржува на коловозот.
Досега соработувавме со Дрекслер Маер, Комберт и Шуберт во Битола, потпишавме договор и со Амфенол, а активно работиме и со компаниите кои треба да инвестираат во Кичево, Струга и Охрид
Македонија не е исклучена од влијанието и последиците од климатските промени и е една од земјите кои се сметаат за најзагрозени според проектот на Светската банка, каде спаѓаат и Албанија, Молдавија, Узбекистан и Таџикистан
Македонија во 2022 година да престане да произведува електрична енергија од јаглен, предвидува студијата изработена од проф. д-р Стефан Бужаровски и д-р Стивен Глин заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје.
Во 2014 година ќе се финансираат 134 проекти за рурален развој, а за нив се одвоени 1,045 милијарди денари, што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа и по обем и по квалитет, истакна денеска заменик министерот за земјодество Зоран Коњановски.
Посебен акцент се става на новите услуги и проекти кои во последно време ги има преземно Централниот регистар со измените во Законот за трговски друштва, а со кои се овозможува регистрација на фирми само со еден чекор за нула денари.
Отсега жителите на општината имотните листови и останатите документи кои им се потребни од Агенцијата ќе можат да ги вадат од подрачната канцеларија.
Британскиот совет во Македонија огранизира регионална конференција за англискиот јазик во бизнисот на тема Англискиот јазик и вашиот бизнис