Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.
Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември 2013, во однос на октомври 2013, изнесува 99,9, а во однос на ноември 2012 изнесува 101,1, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври 2013 година изнесува 1.063.576 илјади денари што претставува намалување за 6,4% во споредба со октомври 2012 година.
Во третиот квартал од 2013 година девизните резерви на Македонија се на ниво од две милијарди 64 милиони и 800 илјади евра, што во споредба со претходниот квартал, претставува зголемување од 25 милиони и 600 илјади евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Планирани се повеќе одвоени средби со стопанственици и потенцијални инвеститори, а централен настан е бизнис форумот што ќе се одржи вечер, на кој пред стопанските комори и бизнисмени од различни сфери на германската индустрија ќе бидат претставени поволностите за инвестирање во Република Македонија.
Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес ќе се одржи презентација на потенцијалите на Град Солун.
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со услови за краткотрајни врнежи од дожд и снег. На планините се очекува снег, а во источните делови ќе дува засилен северен ветар.
Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Две компании од Дубаи ќе инвестираат во откупно-дистрибутивен центар и ладилник за јаболки во Ресен. Инвестицијата ќе биде најмалку пет милиони евра и ќе вработат 100 лица.
Директорот на јавното комунално претпријатие Комуналец Златко Ристески, информираше дека Прилеп догодина ќе добие фабрика за секундарна преработка на отпадот.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне постепено облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви коловози. Мали остатоци од кашест снег има само на повисоките осојничави места, но истите не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот.
Ставање во функција на сите електронски алатки за услужната дејност со искучување на човековиот фактор е предизвикот кој во следната година ќе биде пред Министерството за транспорт и врски.
Министерот за странски инвестиции Бил Павлески, во рамките на форумот, ќе ги претстави инвестициските можности пред повеќе од 40 компании од Централна и Источна Европа.
Во публикацијата е направена сеопфатна анализа на правната рамка на Република Македонија и Европската Унија во делот на енергетската ефикасност, како и анализа на проблемите и пречките со кои се соочуваат општините при унапредување на енергетската ефикасност.
По принципот на јавно-приватно партнерство, општина Крива Паланка ќе добие две мини хидроцентрали на Станечка река.
Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево, а попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има краткотрајни врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер.
Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви и чисти коловози. Поради ниските температури во текот на ноќните часови можна е појава на голомразица на повисоките и осојничави места.
Правото на отпис на камата по основ неплатени придонеси за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, доколку во целост се исплати долг направен до 31 декември 2008 година, го искористиле 766 правни субјекти и физички лица.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2013 година, во споредба со октомври 2013 година, е намален за 2%.
Во октомври годинава издадени се 147 одобренија за градење, што е за 43% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Успешни француски бизнисмени по форумот во Париз за презентација на можностите за инвестирање во Македонија изјавија дека Македонија е добро место за инвестирање и најавија можни инвестиции.
Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија во седиштето на Европската агенција за безбедност во воздушната навигација (Евроконтрол) во Брисел прослави 15 години членство во оваа европска агенција.