Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Утринската ќе се движи од три до 10, а дневната од 22 до 27 степени.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Попладне ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност.
Во клисурите се бележи појава на поситни одрони, особено на патните правци: Демир Хисар - Кичево, Катланово-Велес, Д. Капија-Удово, Маврово-Дебар-Струга, Кочани-Делчево и Виница-Берово.
Ќе дува умерен, повремено и засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70км/час, особено долж Повардарието и во источните делови.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози поради врнежи од дожд.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и топло. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 23 до 29 степени.
Во клисурите и усеците се бележи појава на поситни одрони, особено на патните правци: Демир Хисар - Кичево, Катланово-Велес, Д. Капија-Удово, Маврово-Дебар-Струга, Кочани-Делчево и Виница-Берово.
Во Македонија времето денеска ќе биде со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и североисточен правец.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, но ќе има и повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента регулиран со семафори.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
За време на Велигденските празници, ЈСП - Скопје ќе работи по изменет сообраќаен распоред. Автобусите денес сообраќаат по саботен возен ред, со зголемен број на поаѓање од 6:00 до 9:00 часот и од 13:30 до 17:00 часот.
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност проследена со локален дожд и појава на грмежи, особено во западните делови.
На патниот правец Гостивар -Кичево на 1,5 км. пред Стража се врши реконструкција на мостот и таму сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово – Дебар - Струга.
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, денес се очекува целата територија на државата да биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата.
Денес 30.04.2013 од 08:00 до 19:00 часот, во тунелот на патниот правец Велес - Катланово се изведуваат работи на осветлувањето и таму сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 26 до 32 степени.
На патниот правец Гостивар - крак Маврово кај с. Церово на 1 км. пред Стража се врши реконструкција на мостот и таму сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово-Дебар-Струга.
Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Ги информираме сите наши корисници дека излезе нова верзија на АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони, во која на само еден допир на располагање им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и сл.
Градот Скопје ги информира граѓаните дека денес и утре ќе се асфалтира делот од булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика Стакларница до бензинската пумпа Марија трејд.