Производството на тутун е стратешка култура на Република Македонија, со извоз во вредност од 100 милиони евра годишно.
Од 2019 година сакаме да почнеме со среднорочно буџетирање, да излеземе од рамките во коишто се планира само тековната фискална година и да имаме план за следните три или четири години, најави министерот за финансии, Драган Тевдовски.
На пазарите во Македонија ќе нема фискализација сè до влез на државата во ЕУ, а регистрацијата на фирма нема да биде преку Централен регистар, туку со лиценци што ќе ги издава Комората на трговци.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2017 година е за 0,2 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на декември 2016 година е зголемен за 1,5 процентни поени.
Бројот на туристи во ноември 2017 година, во споредба со истиот период претходната година, е зголемен за 15,2%, а бројот на ноќевања е поголем за 18,1%.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 306 станови со вкупна корисна површина од 29.819 метри квадратни.
Wizz Air на дестинација Охрид - Виена ќе оперира три пати седмично односно секој вторник, четврток и недела, по стартна цена на авио билетите од 19,99 евра.
Среднодневната концентрација на РМ10 надмината е само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од денеска мерките престануваат да важат.
Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 14-ти февруари 2018 година.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во ноември лани, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,8% на годишно ниво.
Со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) отсега ќе се објавуваат и доделените договори, при што целокупната јавност ќе има увид во истите.
Вкупно 2.027.344 патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2017 година, што претставува пораст од 13% споредено со 2016 година.
Трошоците на живот во декември лани, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,1%, додека кај цените на мало има пораст од 0,4%.
На компанијата Seara Alimentos LTDA, којашто извезува месо и во Република Македонија, ѝ е одземена лиценцата за извоз.
Цените на угостителските услуги во декември 2017 година, во споредба со ноември 2017 година, се зголемени за 0,2%.
Министерството за финансии (МФ) изработи софтвер во којшто сите буџетски корисници ќе мора да ги пополнуваат своите неплатени обврски.
Во 2006 година, УСАИД во соработка со своите партнери го воведе концептот за рециклирање на пластика во Македонија, кој пак консекутивно го поттикна собирањето и сортирањето на отпад од пластика на повеќе собирни пунктови низ целата земја.
Tоа значи дека секој поединечно ќе може да побара мерење на квалитетот на услугата од своја локација.
Целта на Конференцијата е да се оценат тековната состојба и идните изгледи на глобалната економија и во тој контекст, да се открие со кои предизвици се соочуваат централните банки при остварувањето на нивните цели за одржување на ценовната и на финансиската стабилност.
Компаниите што работат во ТИР зоните во текот на минатата година оствариле за 29,2% поголем извоз во однос на 2016 година, а се очекува и во наредните години да расте.
Одборот на директори на Македонска берза, на 29-ти декември, донесе одлука за котација на 16-тата емисија на обврзници за денационализација, стои во соопштението на...
Дополнителниот рок за поднесување барање за легализација е до крај на годинава, а со законските измени се овозможи дополнителен рок и за комплетирање на документацијата, што ќе може да се направи до крајот на јуни годинава.