Во јули оваа година се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Целта на хуманитарниот настан е прибирање донации на училиштен прибор, односно тетратки, моливи, пенкала, ранци, книги, секаков вид боички и друг училиштен материјал, неопходен за непречено следење на училишната настава, кои хуманите граѓани ќе можат да ги достават во комбето на Мрдни со прст што ќе биде во функција на собирен пункт на Школка.
Бруто домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од оваа година забележа пад од 1,8%.
Трошоците на животот во август 2017 година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,4%, а кај цените на мало има пораст од 0,9%.
Првата тема е под наслов: Штедење – И јас умеам да штедам, а втората е Осигурување – Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството.
Недостатоците што ќе бидат пријавувани во иднина се очекува да се отстрануваат согласно приоритетите и капацитетите на надлежните институции.
Курсот, петти пат по ред, го организира Институтот за компјутерски технологии и инженерство при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и ќе трае од 11-ти до 15-ти септември годинава.
Цените на угостителските услуги во август 2017 година, во споредба со јули 2017 година, се зголемени за 0,1%.
Преку хуманитарната акција наречена You Eat We Give, со порачување на било кој оброк во Дистрикт бар и ресторан сочинет од три различни јадења, едно евро се донира на СОС Детското село.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во второто тримесечје од годината во споредба со првото тримесечје, се повисоки за 2,5%, трошоците за материјали се повисоки за 0,9% и трошоците за вработените се повисоки за 6,4%.
Нови врати, замена на старите оштетени подови и свежо варосани ѕидови, реновирана училишна библиотека, како и нова ограда околу игралиштето е дел од оваа вредна донација.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,50%.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,6%, а реално за 6,9%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 3,7%, а реално за 6,6%).
Бројот на работници во индустријата во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 2,6%.
Од утре се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижности што значи дека граѓаните кои од страна на Катастарот се одбиени по кој било основ, при повторното поднесување на пријавата нема да плаќаат надомест.
Индустриското производство во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 2,2%.
Компанијата DоGо, којашто во моментов брои над 5.000 оригинални дизајни достапни во повеќе од 150 продавници низ светски метрополи како Њу Џерси САД, Абу Даби ОАЕ, Берлин, Амстердам, Барселона и др., конечно ја отвора својата прва продавница во Скопје.
Македонски Телеком обезбедува VR катчиња за играње на Sea Hero Quest.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни оваа година, се пониски за 1% на месечно ниво, а повисоки за 0,4% на годишно ниво.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти, во јуни оваа година, изнесува: 497.369 МWh електрична енергија, 3.578 мил. нм3 природен гас, 418.051 тони јаглен и 86.716 тони нафтени продукти.
Мотото на овогодинешниот Вино Скоп е - Да ја дочекаме есента заедно!
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во периодот јануари – јуни оваа година, изнесува 2.300.778.000 денари, што е за 13,9% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 13,6%, во градско - приградскиот превоз за 9,6%, во воздухопловниот превоз за 5,7%, додека бројот на превезените патници во железничкиот превоз е намален за 23,5%.
Продажниот настан, под името Recycling, reusing and upcycling – women helping woman, има за цел да ја зголеми свеста за негативното влијание од потрошувачката треска и да се актуелизира рециклирањето, како начин за заштеда на финансии и заштита на планетата од загадување.











