Во второто полугодие на 2016 година во Република Македонија просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.081 денари по KWh.
Во претставата, преку интересен и пред сé забавен начин, на децата им се пренесуваат пораки за значењето на селектирањето и третманот на различен вид отпад.
На жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик заклучно со 13.03.2017 година, ќе им биде обезбеден поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во јануари оваа година, се пониски за 0,5% на месечно и 0,8% на годишно ниво.
Обуката е наменета за дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа индустрија и сакаат да се дообучат.
За станбените згради и за парцелите во Македонија за околу три години треба да се воспостави тридимензионален катастар
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81,1% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,6% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.
Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој ќе организира серија обуки и активности за компаниите со цел тие подетално да се запознаат со грантовите што им стојат на располагање за развивање иновативни производи.
Во делот за традиционална храна ќе се нудат преку 30 производи од рурална Македонија кои се ретко достапни во Скопје, а во делот за активен туризам по намалени цени ќе се нудат преку 30 активни тури низ цела Македонија.
Вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари забележаа месечен пад од 4%, додека кај вкупните кредити падот е 3,2%.
Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2017 претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студентите и младите во Македонија.
По повод Светскиот ден на туристички водичи, денеска, беше промовиран веб дигитален регистар на активни и квалификувани туристички водичи во Македонија.
Со воспоставениот механизам за успешно надминување на колективните или индивидуалните работни спорови се создава поголема законска сигурност и ефикасни процедури кои се од интерес на сите засегнати страни.
Цената на комплетот ковани пари Триптих изнесува 4.500 денари.
Бројот на превезени патници, во последното тримесечје од 2016 година во однос на истиот период претходната година, во градскиот превоз е намален за 12,5%, во приградскиот за 0,5%, во меѓуградскиот превоз за 5,1%, додека во меѓународниот превоз намалувањето е 6,3%
Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување додека најдобрите 25 ќе имаат шанса да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50% од школарината.
Откупот и продажбата на земјоделски производи, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период претходната година, се зголемени за 39,3%.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во текот на 2016 година, изнесува 2.780.107.000 денари.
Земјоделски производители од Македонија учествуват на најголемиот саем за органски производи Биофах, што се одржува од 15 до 18 февруари во Нирнберг, Германија.
Новите сертификати се разликуваат од претходните по специфичната изработка којашто ги сведува на нула шансите за можна злоупотреба, а имаат воден жиг и холограм од грбот на Државниот инспекторат за земјоделство.
Самитот е фокусиран на актуелни теми од повеќе области, но на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија.
Настанот нуди можност не само да ги изложите и продавате своите производи и услуги, туку и да комуницирате и соработувате со дизајнери и маркетари од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, е намалено за 31,7%.
Претставници на 20 државни институции со користење европски искуства се обучуваат да креираат и стандардизираат геопросторни податоци во своја надлежност со што ќе овозможат да бидат достапни преку геопорталот за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) на Катастарот.











