Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11,7%.
Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.
Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2016 изнесуваше 43.091 денари, што е за 6,5% помалку во однос на 2015 година.
Прометот во трговијата на мало, во 2016 година, номинално бележи пораст.
Во однос на големината, во 2015 година преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90,4%), од кои најголем дел се од областа на трговијата.
Бројот на работници во индустријата во јануари, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,4%.
Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%.
Од први јануари РКЕ ќе биде надлежна за утврдувањето на цената и тарифите на водните услуги на јавните комунални претпријатија и водостопанствата коишто се производители на сурова вода во општините со над 10.000 жители, а од први јануари 2019 година за сите општини.
Фондот за иновации и технолошки развој го отвори аплицирањето за дводневната практична работилница со цел подобра подготовка на предлог проекти.
Стапката на невработеност во последното тримесечје од 2016 година е 23,1%.
Во јануари се издаде 368 одобренија за градење, што е за 39,9% повеќе во однос на истиот период лани.
До вчерашниот ден граѓаните имаат поднесено 182 барања кои моментално се во фаза на разгледување, а комисијата почна со теренска проверка на дадените локации каде што ќе бидат поставени набавените печки на пелети.
Трошоците на живот во февруари, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,5%, додека кај цените на мало падот е за 0,6%.
Индустриското производство во јануари оваа година, во споредба со истиот период лани, е намалено за 2,6%.
Кредитите на банкарскиот сектор забележаа забрзан раст од 2,7% во четвртиот квартал, наспроти 0,2% во претходниот квартал.
Во Македонија најмалку се издаваат фискални сметки за услуги за одржување и за поправки на домот, за изнајмување имот, како и за занаетчиски услуги.
Презентација на искуства и ЕУ проекти добиени изминатите години во Македонија, како и официјално почнување со работа на (EUFAA) - Акцелераторот и Академијата за ЕУ фондови и грантови .
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,6%, трошоците за материјали се пониски за 1,6%, а трошоците за вработените се повисоки за 1,4%
Цените на угостителските услуги во февруари, во однос на јануари, се пониски за 0,1%.
Во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 5,2%, во градско - приградскиот превоз за 8,4%, во железничкиот превоз за 54%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 9,4%
Трговскиот дефицит, во јануари оваа година, изнесува 113.035.000 евра.
Оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и во работните средини сè повеќе не е луксуз и привилегија, туку е услов којшто треба да обезбеди подобра иднина.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,97%, додека најмала е стапката во секторот Дејности во врска со недвижен имот, каде што изнесува 0,12%.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,7%, а реално за 7,1%), Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 12,8%, а реално за 1,1%).