Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 79% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,8% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.
Бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија, во 2016 година, изнесува 71. 519 и во однос на 2015 година е зголемен за 1,9%.
Конзервирано и сушено овошје, зеленчук, млечни и месни производи, тестенини, чаеви, вино и други жестоки пијалаци, се дел од првата пратка со која денеска и официјално ќе биде отворен Македонскиот изложбено - трговски дом во Москва.
Овој викенд (од 25-ти кон 26-ти март) ќе започне летното сметање на времето, по што стрелките на часовниците се поместуваат за еден час нанапред.
Новата услуга на Народната банка ќе биде достапна од април 2017 година, а истата нуди и поповолни надоместоци за електронски доставените налози во однос на хартиените налози.
Разбирање наместо предрасуди, прифаќање наместо сожалување и создавање на заедничко општество, градење на заедничка иднина! Лицата со Даунов синдром, подеднакво како и сите други...
Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – Браво сине и издавачката куќа Арс Ламина им донираа 40 комплети од едицијата Бајки од Македонија на градските библиотеките во Македонија.
Aктивното население во Република Македонија брои 948.599 лица од кои вработени се 723.550, а 225.049 лица се невработени.
Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп го имплементираат проектот Градење на капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Република Македонија.
ТАВ Македонија најави дека германската нискобуџетна авиокомпанија Eurowings, којашто е дел од групацијата Луфтханза, ќе почне да лета на релација Скопје - Минхен од 31 октомври 2017.
Заинтересираните субјекти сите информации поврзани со адресите ќе имаат можност по електронски пат на брз и ефикасен начин да ги добијат од Агенцијата за катастар на недвижности
Трговскиот дефицит, во периодот јануари - декември 2015 година, изнесува 1.713.560.000 евра.
Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,2%.
Во Нирнберг последниот ден од саемот Embedded World 2017, каде повеќе од 30.000 посетители и 1.000 изложувачи традиционално ги следат најновите вести за разни алатки, специфични уреди и развојни околини за изработка на вградени (embedded) системи.
Конкурсот беше инициран и организиран од компанијата Дик Фагус Македонија со цел стимулирање на иновативни и интересни дизајнерски решенија од младите македонски дизајнери и нивно промовирање.
Во јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 0,4% на месечно ниво, а за 3,1% на годишно ниво.
Трката е отворена за сите хумани граѓани, но ќе учествуваат и децата со Даунов синдром и нивните семејства.
Во февруари, пет месеци по ред, продолжи зголемувањето на ликвидноста во банкарскиот систем, што се должи на редовните трансакции на државата, како и на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар за нето откуп на девизи
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во февруари 2017 година е за 0,5 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на февруари 2016 година е зголемен за 2,7 процентни поени.
Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) и Сеавус инкубатор, во соработка со Млади Инфо, на 16-ти март (четврток), во 16:40 часот, во СЕДЦ Бизнис симулаторот, ќе организираат еднодневна работилница на тема: Генерирање на идеи и бизнис модели.
Цените во земјоделството во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 4%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 5,4%.
Македонија2025 на 15-ти март организира Отворен ден за едукативни програми на којшто ќе бидат претставени неколку програми за целосно студирање, програми за усовршување на вештини во деловниот свет и управување со компании, како и можности за стипендирање.
Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) Скопје го најавува тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера - Job Fair 2017, којшто ќе се одржи од 03.04 до 12.04.2017 година.
Брзи, релевантни, економски исплатливи анализи според светските стандарди, кои за десет минути утврдуваат 28 параметри во виното неопходни за негов пласман и на најпребирливите пазари.