Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари, според оценката на раководителите на деловните субјекти, е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2016 година е зголемен за четири процентни поени.
Народната банка на Република Македонија ја намали каматната стапка на благајничките записи за дополнителни 0,25 процентни поени и таа изнесува 3,25%.
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) формираше работна група чија задача ќе биде да состави предлог измени и дополнувања на Законот за нотаријат и на Законот за извршување.
Во Република Македонија се попишани 4.948 капацитети и тоа: 4.378 угостителски објекти - дуќани и 570 објекти за сместување на гости.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември се повисоки за 1,4% на месечно ниво, а за 1,8% на годишно ниво.
Трошоците на живот во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,6%, додека кај цените на мало има зголемување од 1,1%.
Фондот за иновации и технолошки развој денеска со почеток во 11 часот организира Ask me anything сесија со Волфганг Книејски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции. Кафе сесијата ќе биде на англиски јазик.
Цените во земјоделството во јануари, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4,6%, а кај аутпутот зголемувањето е 4,9%.
Во Република Македонија вкупно се попишани 18.749 продажни капацитети во трговијата на мало. Од тоа, 18.266 се продавници (сите видови) и 483 се бензински станици.
Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат купувачите кои имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци со кои ќе ги заменат старите дрвени прозорци, по денот на објавувањето на Јавниот оглас
Бројот на туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е зголемен за 4,4%, додека бројот на ноќевања порасна за 4,7%.
Прометот во индустријата во декември лани, во однос на истиот период во 2015 година, е зголемен за 6,6%.
Во фокус на партнерското оценување ќе бидат длабинска анализа и оценка на усогласеноста на статистичкиот систем на Македонија со сите 15 принципи содржани во Кодексот за работа на европската статистика.
Завршува откупот на тутунот во државава. Досега се преземени преку 21.000 тони со просечна цена од 196 денари за килограм, а преостануваат уште околу 1.000 тони.
Сопствениците на парцели во 31 катастарска општина добиваат можност бесплатно да добијат имотен лист. Станува збор за катастарски општини со над 20% неутврдени права на сопственост.
Во декември минатата година, се издадени 333 одобренија за градење, што е за 0,9% помалку во однос на истиот период во 2015 година.
Компанијата Вори од Гевгелија го освои златниот медал во категоријата Најдобар производ на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа Продекспо 2017 во Москва.
Меморандумот се однесува на координација на активностите за развој на модел за нудење на енергетски услуги во Македонија и потребните законски измени за операционализација на тој модел.
Парите се собрани од 54 корпоративни екипи кои учествуваа на 15-тиот Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово. Освен собраните 10.800 евра од котизација од тимовите, на дополнителна аукција на предмети, донесени од самите учесници беа собрани уште околу 3.000 евра.
Обуката е на тема Следење на интернет, а има цел да ги прошири знаењата на вработените за постапките на контрола на примена на законите во интернет трговијата.
Град Скопје од утре ја укинува мерката за бесплатен превоз на сите граѓани во автобусите на ЈСП и во оние на приватните превозници.
Се обработуваа одделни аспекти од МСФИ 9, особено неговата примена за банкарскиот сектор, како и споредливоста и интеракцијата на МСФИ 9 со супервизорскиот пристап за оцена и мерење на очекуваните кредитни загуби за кредитната изложеност на банките.
Цените на угостителските услуги во јануари, во споредба со декември лани, останаа на исто ниво.
ТАВ Македонија преговара со германската нискобуџетна авиокомпанија Eurowings, којашто е дел од групацијата Lufthansa, за воведување авиолинии Скопје - Минхен и Скопје - Дизелдорф.











