MGM размислува за продажба од декември минатата година, а во тоа време компанијата имала пазарна вредност од 5,5 милијарди долари.
Во врска со проекцијата за економски раст премиерот Заев информираше дека согласно владините проекции економски раст ќе остане на 4,1% за 2021 година, што е на линија со проекциите на ММФ од 3,8 %, Народната банка од 3,9% и на Европската комисија од 3,7%.
Најголем дел од пресечените дрвја се натрупуваат во шумите ширум Германија и чекаат ред за обработка во пиланите.
На Западен Балкан, секоја година ќе се перат помеѓу 1,8 и 4,6 милијарди евра.
Компанијата извезува дури 90% од своите производи, поради што не може да си дозволи големи прекини во производството поради боледување на работниците.
Работниците тие ќе бидат принудени да ги следат новите трендови. Консултантската компанија McKinsey & Co дошле до тој заклучок кога ја анализирале состојбата во осумте најголеми економии во светот.
Европскиот просек покажува дека лани 12,3% од вработените, на возраст меѓу 15 и 64 години, вообичаено работеле од дома.
Иако работите полека се враќаат во контрола, експертите сепак сметаат дека враќање на нивото од пред пандемијата ќе биде долготраен процес.
Според Ројтерс, новата компанија од 2023 година се очекува да има приходи од околу 52 милијарди долари.
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп воведе царина на увоз на челик и алуминиум од Европа, а ЕУ возврати со царини на увоз на американски производи, како што се виски, фармерки и мотоцикли.
Следниот годишен состанок би требало да се одржи во втората половина од следната година.
Меѓу повозрасната популација, интересот за користење интернет е помал, па така кај лица на возраст меѓу 55 и 64 години тој процент е 63, а кај оние на возраст од 65 до 74 години е 44%.
Debenhams влече корени од 1778-ма година, кога Вилијам Кларк отворил продавница во Лондон, нудејќи ткаенини, капи и чадори.
Причината за драстичниот скок на цените на основните прехранбени производи се, покрај лошата реколта, и повисоките цени на суровата нафта и трошоците за транспорт.
Најголем број од испитаниците одморот ќе го поминат или во родната земја или во Шпанија, Грција и Франција.
Околу 25,2% од испитаниците сметаат дека игрите треба да се одржат, но без публика, а 12,6% се за одржување на Олимпијадата со ограничен број гледачи.
На овој начин, Македонија2025 активно придонесува за развој на инклузивно општество и ги поддржува младите во земјата да го постигнат својот целосен личен и професионален потенцијал.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2021 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на март 2021 година и изнесува 14,7.
За местото и времето на одржување на промотивните активности на Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти, клиентите ќе можат да се информираат преку социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување.       
Компанијата наведува дека ова била најтешката година во нејзината 35-годишна историја.
Инвестицијата изнесува речиси 2,5 милиони евра, а дел од средствата се обезбедени со поддршка на ИПАРД програмата.
Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот.
Согласно предлог одлуката за исплата на дивиденда за 2020 година и утврдување на дивиденден календар, бруто износот на дивиденда по акција е 16,02 денари.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 денари за литар.