Проекти на ЕУ за ефикасно користење на енергија се изложени на критика како “неисплатливи”, по ревизијата спроведена во неколку земји. Проверувани се проекти во Чешка, Италија и Литванија, земји кои во периодот од 2007 до 2013 година добиле најмногу пари.
Четири години по започнувањето на глобалната финансиска криза, се чини дека најлошото помина, но глобалната економија и понатаму е нежна, порача Светска банка (СБ) во најновиот извештај за економскиот развој, во кој остро ја намали проценката за раст на светската економија за оваа година.
Доаѓањето на трговскиот ланец Лидл во Србија на потрошувачите ќе им понуди од 20% до 40% пониски цени од просечните пазарни цени.
Странските директни инвестиции во Хрватска во првите девет месеци минатата година изнесувале 452,7 милиони евра, што е двојно помалку за разлика од истиот период една година претходно, објави Хрватската народна банка (ХНБ).
Мелничарите во Македонија се загрижени за својот опстанок откако Владата ја укина одлуката за условен увоз на брашно со претходен откуп на домашна пченица.
Mинатата година во Македонија, во ноември биле регистрирани 34.756 туристи, со 80.580 ноќевања.
Во Агенцијата за странски инвестиции во Србија проценуваат дека оваа година во земјата би можеле да влезат 2,5 милијарди евра директни инвестиции. Најголеми се очекувањата во енергетскиот сектор.
Падот на индустриското производство во еврозоната и Европската унија успори во ноември, покажуваат податоците на Евростат.
Вработувањето во земјите во развој може да се забрза доколку креаторите на политиките и развојните институции како приоритетна цел си го постават отстранувањето на клучните пречки за растот со коишто се соочува приватниот сектор, покажува новата студија на ИФЦ.
Компанијата Apple очекува Кина да го претекне САД и да стане нивен најголем пазар, изјави претседателот на оваа компанија, Тим Кук. Кина сега е вториот најголем пазар за Apple.
Полицијата и правосудните тела во Босна и Херцеговина отворија повеќе истраги за можно перење пари во 2012 година, под претпоставка дека на тој начин во легалните финансиски канали се уфрлени најмалку 15 милиони евра со сомнително потекло, пишува Дневни аваз.
Вкупно 906.871 патници биле регистрирани од аеродромите во Македонија лани, што претставува пораст од 8,7% во однос на бројот на патници 2011 година, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
Државниот завод за статистика денес објави дека минатата година во ноември биле издадени 232 одобренија за градење, или за 3,3% помалку во однос на истиот месец 2011 година.
Минатата година преку електронско јавно наддавање општина Илинден продаде 136 градежни парцели, со вкупна површина од 226.937 метри квадратни.
Според заедничкото годишното истражување спроведено од американската фондација Heritage и весникот Wall Street Journal, Македонија се најде на 43 место на табелата најслободни економии во светот.
Во Бугарија работат околу 2.500 грчки компании, додека во останатите земји на Балканот нивниот број е 5.000, пишува Катимерини. Грчките компании ја бираат Бугарија поради нискиот данок од 10% и евтината работна рака.
Британските огласувачи потрошиле 36,35 долари по корисник на мобилен интернет во 2012 година, што е рекорд на светскиот пазар, според eMarketer. На второ место е Норвешка со 35,71 долар по корисник.
За прв пат по 10 години, со испорачани 601 авиони минатата година, американскиот Boeing е на добар пат да го претекне Airbus и да стане најдобар светски произведувач на авиони за 2012 година.
Најголемо учество од 62,5% во извозот на стоки имаат земјите - членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан со 24,6%. Во увозот на стоки најголемо учество со 58,9% имаат земјите-членки на ЕУ и земјите во развој со 22,2%.
Скоро четворица од пет Словенци користеле интернет минатата година. Потоа следуваат две третини Хрвати, додека Македонија и Србија се на 63%.
Поради силниот франк, скапите швајцарски скијачки центри станаа уште поскапи, па скијачките терени сред сезона се скоро празни.
Популарната мобилна апликација за споделување на фотографии Instagram, објави список на најфотографирани места во светот за 2012 година
Цената на железна руда на светските пазари во последните четири месеци порасна за 60%, по остриот пад во септември, пишува Фајненшал тајмс.
Според прогнозите на Предлог енергетскиот биланс, во 2013 Македонија ќе потроши 81.897 тера џули финална енергија што е за 5,2% повеќе отколку минатата година.











