Анализи

Топ пет дестинации во светот се Париз, Лондон, Њујорк, Анталија и Сингапур, објави Светската туристичка организација при ОН.
Кинеските инвеститори во 2012 година оствариле рекорд во купување на компании во САД, при што потрошиле 10,5 милијарди долари.
Повеќето работодавачи на глобалниот пазар се помалку убедени дека ќе вработуваат работници отколку што беа на почетокот на годината, што навестува тешки времиња за оние што бараат работа, се заклучува во прогнозите на групата Manpower за првото тримесечје од следната година.
Во ноември месец во Србија немало инфлација, додека во однос на истиот месец минатата година достигнала 11,9%, соопшти Републичкиот завод за статистика.
Познатиот германски произведувач на луксузни спортски автомобили Порше, денес соопшти дека бројката на продадени автомобили, досега во оваа година е поголема од вкупната бројка на продадени автомобили во изминатата 2011, која беше рекордна за компанијата.
Според истражувањето спроведено од агенцијата Валикон за силата на брендовите на целото подрачје на поранешна Југославија, Милка е најдобар бренд.
Според анализите на ФИНКИ, за разлика од претходниот период, десетина македонски ИТ компании развиле успешни проиводи што веќе ги продаваат на странските пазари. Ова претставува една нова димензија на домашниот софтверски пазар.
Пред, за време и по рецесијата, Мекдоналдс е незапирлива глобална сила. Овој гигант на брзата храна работи во 119 земји, а продава по 75 бургери во секунда.
На планетата има скоро 7,1 милијарди луѓе. Од нив 71 се најзначајни. Што имаат заедничко претседателот на САД, папата и основачот на Фејбук? Сите се на листата на Форбс на најмоќни луѓе во светот за 2012 година.
Кинески, руски и украински работници се на врвот на листата странци што добиле работни визи минатата година, соопшти турското министерство за труд.
Продажбата на нови автомобили во Франција стрмоглаво опадна за 19,2% во однос на претходниот месец, додека во периодот од 11 месеци годинава, заклучно со ноември, опаднала за 13,9%.
Групацијата Триглав оствари нето добивка во износ од 50,5 милиони евра за првите три квартали од годината, а објавената добивка пред оданочувањето изнесуваше 62,6 милиони евра. Нето добивката на матичната компанија изнесува 39,2 милиони евра.
Бројот на кредитни картички во Турција што ги користат поединци е зголемен за повеќе од двојно во последните четири години, според податоците на BDDK, национален банкарски регулатор.
Централната банка на Црна Гора очекува стапката на инфлација оваа година да достигне 6,5%. Тоа, како што е соопштено, е под стапката на инфлација во повеќето земји во регионот, но над стапката во земјите од еврозоната.
Југоисточна Европа ќе почне значително да се опоравува економски од 2014 година, а до тогаш следува мал стопански раст, оцени Питер Санфеј, економист на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Вкупната надворешно-трговска размена на Црна Гора во првите девет месеци изнесувала 1,85 милијарди евра и била 2,6% помала во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Монстат.
Најскапо гориво во регионот точат граѓаните на Словенија и Србија, бензинот е најевтин во Босна и Херцеговина, а дизелот е најевтин во Македонија.
Економската состојба на фирмите во преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на состојбата во септември годинава, а понеповолна споредена со октомври лани, објави Државниот завод за статистика.
Источна Европа е на добар пат да ја претекне Западна во производство на автомобили. Во време на криза на пазарите, местото на производство е важен фактор, а најголема предност на источна Европа се ниските трошоци на производство.
Волфганг Шојбле е најдобриот министер за финансии во Европа за 2012 година, според изборот на The Financial Times (FT).
Македонија се најде на 23 место според последната ранг листа на Дуинг бизнис (Doing business) пренесува угледниот весник Фајненшл Тајмс (Financial Times), во сторијата која беше објавена на блогот на весникот, насловена Macedonia: Doing Business?
Паѓа цената на недвижнини во Словенија, покажуваат податоците од последниот квартален извештај на словенечката државна геодетска управа (ГУРС).
Освен категоријата топ менаџери, кои во просек имаат 107% повисока плата во однос на просекот, најплатени се работните места во телекомуникациите (+53%), а потоа во областа на технологијата и развојот (+45%).
Загубите во словенечкиот банкарски сектор пред оданочувањето, во првите девет месеци од оваа година изнесувале 76 милиони евра, објави словенечката централна банка.