Француската банка Societe Generale планира да го финализира планот за намалување на 700 работни места во седиштето во Париз со тоа што ќе поттикне 420 работници доброволно да си заминат.
Внатрешниот долг на Бугарија продолжува да расте и на крајот на првото полугодие достигна 37,5 милијарди евра, покажува последната статистика на Централната банка. Во оваа бројка влегуваат внатрешните обврски, како на државата, така и на бугарските фирми и банки.
Не станува збор уметничко дело ниту рекламна кампања, туку обид да се намали емисијата на јаглерод диоксид во урбаните подрачја.
Според италијанскиот весник Sole 24 ore, преговорите се веќе во тек. Двете компании се уште не се огласиле по повод оваа вест, но весникот наведува дека нивни високи претставници веќе имале неколку состаноци.
Старите железнички пруги кои не се користени најмалку десет години, ќе станат велосипедски патеки. Италијанскиот регион Пиемонте одлучи да започне иновативен и единствен туристички проект, прв од таков вид во Италија.
Шведскиот производител на автомобили Saab се враќа во игра. Две години по банкротот и прекинот во производството, новиот сопственик и официјално најави почеток на производство на моделот saab 9-3.
Во обид да се намали ризикот од налетување на птиците, во Норвешка започна експеримент во кој неколку турбини ќе се обојат со црна боја.
Прехранбената компанија Нестле отвори нов погон во фабриката за замрзнати пици Вагнер во Нонвајлер, Германија. Во погонот се инвестирани 50 милиони евра и отворени се 50 нови работни места.
Волво, кој е сопственик на Рено Камиони (Renault Trucks), објави дека го прекинува договорот за производство во Турција и дека новата палета на Рено камиони ќе се произведува во Франција.
Профитот на третиот по големина произведувач на пиво во светот изнесува 639 милиони евра, за разлика од минатата година, кога во првите шест месеци беше забележан профит од 766 милиони евра.
Властите на Европската унија забранија увоз на скуша и харинга од Фарските острови и објавија дека ќе забранат пристигнување на фарски бордови во европските пристаништа.
Ланецот ресторани за брза храна McDonald's во Бугарија и официјално има нов сопственик, откако Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ја одобри зделката со Kingsbury Corporation.
Новата унгарска авиокомпанија Sólyom од следниот месец почнува со првите чартер летови, а со редовни линии од октомври, изјави генералниот директор на компанијата, Јожеф Ваго.
Федерацијата за работодавци во Украина соопшти дека руската царина ги вклучила во список на ризични сите извозници од Украина, што практично значи дека на неодредено време го блокира увозот на украинска стока.
Според регистрираниот економски раст од 0.5% во вториот квартал, Франција излезе од благата рецесија.
Најголемиот германски снабдувач со енергија E.ON соопшти дека големиот пад на профитот се должи на намалената потрошувачка на енергија во Европа, поради финансската криза.
Швајцарската компанија Nestle соопшти дека во првата половина на 2013 остварила органски раст од 4,1%, што според аналитичарите е под очекувањата.
Сајпрус Ервејз најголемата авио компанија од Кипар, е пред банкрот и итно и се потребни околу 17 милиони евра за да може да продолжи да функционира, се вели во британскиот весник Сандеј Тајмс.
Ватиканската банка ја лансираше интернет страницата www.ior.va, во обид да го поправи својот имиџ по низата скандали и бројни критики на сметка на недостаток на транспарентност
Социјалистичкиот сенатор и поранешниот француски министер за одбрана Ален Ришар е именуван за претставник на министерот за надворешни работи Лорен Фабиус за поттикнување на економската размена меѓу Франција и земјите од Балканот.
Руската комисија за заштита на потрошувачите забрани увоз на кондиторски производи од украинската компанија Roshen, поради сомневање во квалитетот и безбедноста на производите од четири фабрики на компанијата.
Турскиот авио-оператор ТАВ соопшти дека се квалификувани да конкурираат за правото да оперираат и да го реконструираат Ла Гвардија аеродромот во Њујорк, како дел од конзорциум.
Унгарската влада размислува од идната година да воведе данок на луксузна стока од 30% до 35%, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Засега авиопревозникот ќе се фокусира на летови меѓу Москва и Будимпешта, за што веќе има дозвола од руските власти, а првиот лет е планиран за 23 септември.