Сите нови приватни и бизнис постпејд корисници во ОНЕ, но и оние кои ќе направат обнова на својот веќе постоечки постпејд договор, добиваат ексклузивна можност самите да го креираат својот тарифен модел согласно нивните потреби, без обврски за времетраење на договорот или со попуст за нов мобилен телефон со договор на 24 месеци.
Бизнис секторот од Гостивар денес имаше можност да се запознае со испраќање на електронски пред-декларации, локално царинење на стоки, олеснетите царинските постапки и новите можности кои ги нуди Царинската управа на Македонија.
Започнува четвртиот циклус од Владиниот проект Учиме од бизнис заедницата, преку кој планирани се посети на најмалку 150 компании.
Плива по втор пат ја освојува наградата Супребрендс Македонија. Фармацевтската компанија ја доби оваа награда врз основа на гласовите од повеќе од 20.000 крајни корисници и стручното жири.
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски денес во Берлин ќе ја потпише декларацијата за намера за Европски зелен појас.
Мелничарите бараат да се преиспита одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно и таа да остане на сила како што беше првично предвидено до 31 декември.
Компанијата Здравје Радово, во соработка со Црвениот крст од Скопје, иницираа хуманитарна акција во која вработените, заедно со своите семејства, ќе донираат облека, обувки, постелнини, млечни производи од широкиот асортиман на Здравје Радово, книги, покуќнина, детски играчки и се што може да им помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови.
Сите невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го решат своето вработување и правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис ќе можат да аплицираат за поволни кредити со поедноставени услови.
Единствениот откупувач на маслодајни семиња во Македонија Благој Ѓорев ќе понуди поголема цена за еден тон сончоглед во однос на најниската берзанска цена која се нуди на светските пазари годинава.
Македонската маркетинг-агенција Њу момент - њу идеас компани освои гран-при за спотот „10 метри одвоени“ на фестивалот Пиран идеја што се одржа викендов во истомениот град во Словенија.
Мобилниот оператор Вип по повод својот шести роденден, претставува нова, специјална роденденска тарифа за сите нови и постоечки Вип постпејд корисници.
Средствата за финансирање на истражувачките програми во ЕУ најмногу ги користат Швајцарија, Холандија и нордиските земји, пишува МИА.
Од 10 до 12 октомври пред платото на Универзална сала – Скопје ќе се одржи второто издание на фестивалот за креативни индустрии Скопје креатива 2013.
Преку соопштение испратено до медиумите компанијата, ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, информираше дека е отстранет техничкиот проблем на бензинската станица Охрид 1.
Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија во второто тримесечје годинава имало речиси 5.000 слободни работни места, од кои најголемиот дел во скопскиот регион, 1.617.
Вкупната инвестиција во 30-те мали хидроцентрали од кои 16 веќе работат, а 14 треба да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, изнесува четириесет милиони евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2013 година забележан е пораст на индексот на трошоците на живот од 0,3%, во споредба со претходниот месец.
Општина Штип започна со подготвките за годинашното издание на манифестацијата Пастрмалијада 2013.
Почеста комуникација меѓу бизнис-заедниците и поедноставување на царинските постапки во делот на фито-санитарната политика, ќе бидат главните заложби на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи Мирко Шаровиќ, со цел да се зајакне економската соработка помеѓу двете земји.
До 15 септември, секој нов сопственик на Форд Фиеста ќе патува во Келн, каде директно во фабриката на Форд ќе присуствува на процесот на создавање на неговиот автомобил.
Литар Кристал наместо 78 денари, сега ќе чини 68, откако цената на зејтинот поевтини за 13% како резултат на падот на маслата за јадење на светските берзи.
Македонија денес ја укинува спорната одредба за ограничување на увозот на пченица, а според српските власти најважно е што проблемот е решен по институционален пат, со помош на ЦЕФТА.
Бројката на регистрирани Фејсбук профили на македонски граѓани изнесува 963.000, а само во последната година таа е зголемена за 90.000, покажуваат податоците на Интернет Ворлдстат.
Бројот на работници во индустријата во јули е зголемен за 0,7% во споредба со истиот период минатата година, објави денес Државниот завод за статистика.