Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2013 година изнесува 1.327.366 илјади денари, што претставува зголемување за 63,6% во споредба со септември 2012 година.
Телекомуникацискиот оператор Близу го прославува својот втор роденден, па по тој повод подготви подароци за сите нови корисници во продажните салони низ Македонија, како и низа поволности за постојните корисници.
Според одлуката на Здружението на сточарите од Дебар, брендираното бело сирење кое се произведува на традиционален начин треба да го носи името Дебарско сирење.
Светски познатиот бренд за рано изучување на англиски јазик и ран детски развој Helen Doron Early English, кој оваа година стана достапен и за децата во нашата земја, нуди можност за отворање на едукативни центри низ цела Македонија.
Хуманитарната акција обедини 18 мајки од Македонија, Словенија, Хрватска, БиХ и од Косово. Секоја од нив предложи по една хуманитарна организација што се залага за подобра иднина на жените, децата и на семејствата, а македонската јавност најмногу гласови му додели на Домот 11 Октомври.
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во третото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на второто тримесечје од 2013 година, како и во однос на третото тримесечје од 2012 година.
Според премиерот Никола Груевски најновите предвидувања на Народната банка за растот на бруто домашниот производ се показател за добрите придвижувања на економијата оваа година.
А.Д. МЕПСО денес пушти под напон нов 110 киловолтен систем, инвестиција вредна 300.000 евра со која двојно ја зголемува сигурноста во снабдувањето на трансфоматорската станица Битола 3, што е главен снабдувач на електрична енергија на градот Битола.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и потпретседателот на Интел Џон Дејвис на почетокот на следната година договорија во Македонија да се одржи работилница за мали и средни препријатија.
Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Милано, во рамките на Проектот РИСЕЕ, Италија - Југоисточна Европа, организира билатерални бизнис-средби со компании од Италија.
Македонскиот уролог Огнен Ивановски на Деветиот југоисточен европски конгрес по урологија што се одржа од 01 до 03 ноември во Солун, ја доби наградата за најдобар научен труд на тема Парцијална нефректомија ја превенира идната кардиоваскуларна болест - први експериментални докази.
Догодина за чистење на каналската мрежа ќе бидат обезбедени вкупно еден милион евра. Годинава за оваа намена беа предвидени 40 милиони денари со кои се исчистени 104 километри канали за одводнување и наводнување.
Во новиот извештај на Светска банка Назад на работа: Раст со работни места во Европа и централна Азија, се вели дека и покрај намалување на невработеноста со солидниот раст и фискални перформанси во последната деценија, нејзиното ниво во Македонија се уште останува високо, околу 30%.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) вчера ја ревидираше нагоре проценката за растот на македонската економија за 2013 година на 3,3%, од првичната проценка, која изнесуваше 2,3%.
Скопскиот аеродром Александар Велики го одбележа најголемиот месечен пораст изминативе неколку години, со опслужени 88.922 патници во октомври и зголемување од 37,6% во споредба со истиот месец лани.
На локацијата на својата фабрика за катализатори во слободната економска зона Бунарџик, компанијата Џонсон Мети денес свечено ќе ги отвори новите производствени погони во кои вложи 60 милиони евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-септември 2013 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 5.127.810 илјади денари, што е за 1,6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2012 година.
Од 11 ноември, понеделник, започнува акцијата Отворено со Катастарот. Традиционално, седма година по ред, на граѓаните ќе им се овозможи полесно да ги надминат евентуалните проблеми од оваа област, како и да се запознаат со новините во работењето на Агенцијата.
Во општина Кичево денес беше издадена првата дозвола за градба на фабрика за производство на биогас, од страна на градоначалникот Фатмир Дехари.
Во текот на првите девет месеци од 2013 година, приходите на ниво на Групација изнесуваат 9,5 милијарди денари, што претставува намалување од 20,3% во споредба со истиот период во 2012 година.
Во рамки на годишната програма на Поткомитетот за царина и правила на потекло на ЦЕФТА, со кој претседава директорот на Царинска управа на Република Македонија, Ванчо Каргов, денес во Скопје ќе се одржи Седмиот состанок на ЦЕФТА Поткомитетот.
Продажбата на становите од висококатниците на турската компанија Џевахир Холдин во општина Аеродром започнува денес.
Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на меѓународните ЦЕМТ транспортни дозволи за 2014 година.