Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар
Десет произведувачи на сушени производи, кои во изминатите четири месеци следеа обука во специјализирана работилница за сушење овошје, зеленчук и билки, денес во средното училиште Марија Кири-Склодовска, добија сертификати за успешната обука.
Претставници на индиската компанија Сахара груп утре доаѓаат повторно во Македонија за да започнат со реорганизација на агрокомбинатот Џумајлија.
Според пишувањето на српските медиуми, владата само најавувала реципрочни мерки, но експертите напоменуваат дека е задоцнето со реакција и штетата е веќе направена.
Кај деловните субјекти од преработувачката индустрија минатиот месец забележана е понеповолна економската состојба во однос на јуни годинава, како и во однос на јули минатата година.
Министерството за внатрешни работи ќе вработи на неопределено време девет лица со завршено високо образование од областа на информатичките технологии и две лица со завршено средно училиште од областа на електротехниката, информатиката, електрониката или телекомуникациите.
Во Трговскиот центар Скопје Сити Мол денес започнува хуманитарна акција под наслов Празна Продавница - Полно Срце. Покрај Сити Мол организатор на настанот е и Црвениот крст.
Дебарската подружница на ЈП Македонски шуми веќе извезува огревно дрво во Албанија, а во тек се и преговори за извоз и во Грција.
Поради високите температури и потребата од вода за земјоделските површини, како и по барање на земјоделците од регионот, сезоната за наводнување која требаше да трае до 15 септември ќе биде продолжена.
На површина од 208 хектари, денес ќе биде отворена технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Штип.
Бизнисмени од Турција се заинтересирани за откуп на кочански ориз, сметајќи дека сортите се квалитетни и дека одговараат на барањата на турскиот пазар.
Директорот на АД за стопанисување и изградба со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, изјави дека акционерското друштво за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор во државна стопственост, продава поевтини станови во споредба со приватните фирми затоа што настапува со најниска маржа,
Стопанска банка АД - Скопје продолжува да расте и да остварува позитивни резултати во 2013 година благодарение на соработката и довербата од своите клиенти правни и физички лица.
Јавното претпријатие за околу 70.000 евра спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги, додека Агенцијата за патишта постави мониторинг систем преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.
Рокот за осмиот јавен повик за користење средства од ИПАРД Програмата што требаше да заврши денеска е пролонгиран до 30 септември.
Тутунскиот комбинат Прилеп склучил договор со Филип Морис, меѓународниот производител на цигари, со седиште во Женева, кој се јавил како единствен понудувач на јавниот повик за стратешко партнерство распишан од комбинатот.
Претставници на десетина медиумски куќи од Русија деновиве престојуваат во Македонија, со цел да се запознаат со производствениот процес на компанијата Продис, кој се одвива во строго контролирани услови за производство на органски и еколошки чист производен асортиман.
Членката на групацијата на Светска банка, ИФЦ, и додели на Охридска банка кредитна линија од 10 милиони долари во рамките на Глобалната програма за финансирање на трговското работење (GTFP).
Македонски Телеком објави дека во првото полугодие има намалена добивка за 39,5% споредено со истиот период лани и изнесува 17,3 милиони евра. Приходите на компанијата исто така бележат пад од 9,2%.
Во пресрет на новата учебна година, неколку здруженија организираат хуманитарна акција за собирање училишен прибор, храна и облека.
Според раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски во моментов повеќе од 10.000 туристи летуваат покрај Дојранското езеро.
Kон средината на септември ќе биде отворена веб-страница со детални информации за најмалку 400 неискористени хали и објекти во Македонија, кои наскоро ќе бидат ставени во функција и ќе им бидат на располагање на потенцијалните инвеститори.
ТТК Банка ја намали каматната стапка на ненаменскиот потрошувачки кредит за пензионери, приматели на пензија во Банката на 9,5% годишно, со рок до седум години.
На денешната средба на министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со претставницитe на винскиот сектор од Р. Македонија се разговараше за барањето на лозаропроизводителите за повисоки откупни цени на винското грозје во однос на ланската сезона.











