Во првото полугодие на годината Македонски Телеком и Т-Мобиле оствариле евидентен пад на приходите и добивката, што се должи на падот на приходите од говорните услуги, додека од друга страна остварен е пораст во интернет и IPTV сегментот.
Се уште е многу мал процентот на искористување на државната поддршка за заштита на земјоделските површини од временските непогоди што се обезбедува веќе пет години.
Извозот на земјоделски производи во првите пет месеци годинава за разлика од лани бележи зголемување за 7%.
Владата на Србија ќе чека најдоцна до 15 август да види дали Македонија ќе ја укине одредбата за ограничување на увоз на пченица и брашно од Србија
Младите луѓе на возраст од 18 до 30 години ќе можат да започнат свој бизнис и нивните бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.
Со законските измени на Законот за градежно земјиште, што ги усвои Владата, ќе се овозможи откуп на земјиште под легализиран објект и во случај да не е донесен урбанистички план.
ТТК Банка ја проширува својата деловна мрежа со отворање на нова експозитура во населбата Ѓорче Петров, во Скопје.
Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ СИЗ Македонија сообраќај вчера во Куманово, пред бизнисмените, шпедитерите и фирмите кои вршат транспорт на стоки во во општината одржа работилница на која беа презентирани олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки.
Во првото пологодие од 2013, Македонија извезла стоки во вредност од 2 милијарди и 720 илјади американски долари, а увезла стоки за 3,186 милијарди долари.
Според одлуката на Владата вкупно 32 ловишта во Македонија ќе бидат дадени под концесија. Од нив едно е лоцирани во Велес и едно во Тетово, по две ловишта во Прилеп, Македонски Брод и Берово, три ловишта во Свети Николе и Радовиш, осум ловишта во Битола и 10 во Штип.
Дизајнери од целиот свет ќе ги измерат своите креативни сили дизајнирајќи етика за виното Chardonnay на Винаријата Тиквеш од бербата 2013 година.
Министерството за финансии соопшти дека ја откажа за закажаната аукција на државни хартии од вредност, што е втора аукција на државни хартии од вредност која се откажува во последно време
Според зејмоделците мелничарите не го почитуваат договорот за откуп на пченицата, плаќаат по 11 до 12 денари за килограм,
Во Берово, денес во 11 часот ќе се одржи јавната електронска распределба на 20 социјални станови во општината , на којашто ќе присуствува и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
На граничните премини Табановце и Богородица и покрај зголемената фреквенција на возила, задржувањата се околу 20 минути.
Според податоците на Државниот завод за статистика Македонија успеала да го намали дефицитот во надворешно трговската размена во првото полугодие од годината за околу 65 милиони долари, во однос на истиот период лани, што се должи на порастот на извозот за околу 63 милиони долари.
Престижниот Porsche Panamera од втората генерација пристигна и во Македонија.Aвтомобилот претставува хармоничен спој на спортски дух и секојдневна практичност, традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, дизајн и функционалност.
Во текот на првото полугодие од 2013 година ТТК Банка АД Скопје остварила позитивен финансиски резултат кој изнесува 34,5 милиони денари (околу 560.000 евра), се вели во денешното соопштение на банката.
На денешната промоција на вториот авион на нискобуџетната авиокомпанија Виз ер, која реализира летови со субвенции од Владата, ќе присуствува и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Љупчо Аризанов, претседателот на регионалниот сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци, изјави дека годинава очекува релаксиран гроздобер и зголемување на побарувачката на грозје.
Годинава кај цените на мало во јули е забележано намалување во однос на претходниот месец, а зголемување во однос на јули минатата година.
Домаќинствата приклучени на најголемиот скопски снабдувач со топлинска енергија Балкан енерџи груп - БЕГ од денес ќе плаќаат за 2,82% пониска цена за парно греење, а корисниците на Скопје-Север за 2,12%.
Вкупните странски директни инвестиции реализирани во мај годинава изнесуваат 28,5 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија (НБРМ)
Елаборатите за легализација на бесправна градба, мора да бидат поднесени најдоцна до 18 јуни 2014 година.