По вчерашното завршување на Програмата за претпазливост, Мисијата на ММФ го започна мониторингот на состојбите во македонската економија.
Oд 1 април 2013 година УНИБанка АД Скопје го намали еднократниот надоместок за одобрување на 1,25% за програмата на кредитни продукти наменети за граѓаните.
Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денес во Битола и Ресен, ќе зборува на ИПАРД форумите Нови измени во ИПАРД Програмата - подобри можности за користење на европските фондови.
Преставници од компании членки на Сојузот на стопански комори ќе присуствуваат на денешната средба Стопанството во Пелагонискиот регион.
Вкупно 209 милиони денари вчера беа исплатени на 4.980 сточари за одгледување овци, говеда, пчели и маторици.
Новиот Mercedes-Benz CLA, моментно еден од најбараните автомобили во Европа, од денеска ќе биде присутен и на македонските улици.
Примената на концептот Овластен економски оператор (ОЕО) ќе овозможи компаниите од земјите членки на ЦЕФТА да вршат самостојно царинење при извоз и увоз, со цел да се обезбеди побрза и поевтина трговија.
Корисниците на кој било интернет пакет од Македонски Телеком и постпејд интернет корисниците на T-Mobile ќе добијат бесплатен и неограничен интернет на Telekom HotSpot.
Хидросистемот Оризарска Река, кој е објект со огромно значење во Источна Македонија, ќе се реализира до 2017 година.
Винарската визба Сковин вчера целосно ги исплати обврските кон лозарите за 2012 година пред истекот на законскиот рок.
Специјализираното издание на Financial Times, fDi Intelligence ја прогласи фабриката на германската компанија Дрекслмаер што се гради во Кавадарци, за најдобра во категоријата производство.
Понудите за Optic пакетите од Македонски Телеком продолжуваат до 30 јуни 2013 година. До 30 јуни корисниците можат да пробаат Optic пакет со интернет со брзина на светлината без никаква доплата.
Преставници на дваесеттина турски компании, членови на Балканската асоцијација на индустријалци и бизнисмени од Румели (BALKANSİAD), Турција, на 15 април доаѓаат во посета на Македонија, со цел е да воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности
Стопанска банка АД - Скопје на своите клиенти им излегува во пресрет со подобрени услови за станбен кредит.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе го означи почетокот на изградбата на една од четирите мали хидроцентрали, што ќе ги гради компанијата Сол Хидропауер дооел Скопје, во општина Теарце.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот во март годинава во однос на претходниот месец бележат пораст од 0,1%, а во однос на март минатата година од 3,1%.
По либерализацијата на пазарот кондиторската индустрија го зголемила производството за 250%, агресивно настапува на надворешниот пазар, а и од домашниот ја истисна странската конкуренција.
Од денес официјално започнува гласањето за Супербрендс во Македонија за 2013/2014 година, а со таков епитет ќе се здобијат брендовите кои ќе освојат најмногу гласови од стручното жири и потрошувачите.
Министерството за економија ја промовираше Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија за периодот 2013-2017 година.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски на вчерашното годишно Собрание на федерацијата на фармери на Република Македонија најави модернизација и реформи во системот на давање советодавни услуги на земјоделците.
Досегашениот главен директор за финансии во Маѓар телеком, Тило Куш, е новиот извршен директор на Македонски телеком.
Лабораторијата за Електроника при Факултетот за електротехника и информациски технологии од денес е збогатена со компјутерски системи за изведување на лабораториски вежби, донација од македонскиот технолошки гигант Seavus.
Луѓето ви се суштински фактор ако сакате да зборувате за успешен бизнис. Да, квалитетен производ ви треба, но квалитетен производ не можете да измислите ако немате луѓе”, рече Поликарп Арсеновски, регионален менаџер на претставништвото Wrigley.
Владата ќе поддржува отворање нови или проширување на постојните семејни бизниси во руралните средини, преку средства во износ од 15 милиони евра.











