Заврши реновирањето на експозитурата на Централна кооперативна банка во Куманово, што се наоѓа на улицата 11 Октомври бр.7, информираат од банката.
Народната банка на Република Македонија ја намали каматната стапка на благајничките записи за дополнителни 0,25 процентни поени и таа изнесува 3,25%.
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) формираше работна група чија задача ќе биде да состави предлог измени и дополнувања на Законот за нотаријат и на Законот за извршување.
Во Република Македонија се попишани 4.948 капацитети и тоа: 4.378 угостителски објекти - дуќани и 570 објекти за сместување на гости.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во декември се повисоки за 1,4% на месечно ниво, а за 1,8% на годишно ниво.
Трошоците на живот во јануари оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,6%, додека кај цените на мало има зголемување од 1,1%.
Заклучно со 13-ти овој месец, 51.616 граѓани ја исполнија даночната обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350.000 даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП.
Фондот за иновации и технолошки развој денеска со почеток во 11 часот организира Ask me anything сесија со Волфганг Книејски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции. Кафе сесијата ќе биде на англиски јазик.
Стотици гости, меѓу кои и амбасадорите на Холандија, Италија и Унгарија, претставници од бизнис секторот, вински витези и експерти денеска присуствуваа на свечената прослава на празникот Св. Трифун во винаријата Стоби.
Цените во земјоделството во јануари, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4,6%, а кај аутпутот зголемувањето е 4,9%.
Во Република Македонија вкупно се попишани 18.749 продажни капацитети во трговијата на мало. Од тоа, 18.266 се продавници (сите видови) и 483 се бензински станици.
За сите апликации одобрени до 31.12.2017 година ќе се применува намалена годишна каматна стапка од 6,9%, до крајот на 2017 година.
"Вашиот глас ни е од големо значење бидејќи ќе ни овозможи да ја промовираме и претставуваме нашата земја пред целата европска јавност", велат од компанијата.
Понудата се однесува на 20.203 обични акции со право на глас, издадени од Единство АД Струмица, коишто претставуваат 50,01% од основната главнина на друштвото.
Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат купувачите кои имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци со кои ќе ги заменат старите дрвени прозорци, по денот на објавувањето на Јавниот оглас
За Денот на вљубените, Lindt продава лимени кутии во форма на срце полни со слатко задоволство. Овој производ го има и во продавницата во Скопје и може да биде вашиот избор за подарок.
За време на овој проект студентите ќе добијат ретка можност да ѝ помогнат на локална компанија да се пробие во странство.
Бројот на туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е зголемен за 4,4%, додека бројот на ноќевања порасна за 4,7%.
Раде Кончар ТЕП е единствена компанија од Македонија која земала учество на овој престижен саем, Middle East Electricity 2017.
Прометот во индустријата во декември лани, во однос на истиот период во 2015 година, е зголемен за 6,6%.
Стопанска банка на сите ново одобрени апликации за MasterCard кредитните картички, во период од 28.12.2016 до 28.02.2017 година, применува каматната стапка од 0% годишно, за сите купувања до 31.03.2017 година.
Во фокус на партнерското оценување ќе бидат длабинска анализа и оценка на усогласеноста на статистичкиот систем на Македонија со сите 15 принципи содржани во Кодексот за работа на европската статистика.
Завршува откупот на тутунот во државава. Досега се преземени преку 21.000 тони со просечна цена од 196 денари за килограм, а преостануваат уште околу 1.000 тони.