Идеалната лозинка треба да биде лесна за паметење, но и доволно комплексна за да не може да се пробие.
Дневното производство нa сушилницата е 2,5 тони сушена слива. Капацитетот на Агромакс на годишно ниво е преработка на 500 тони свежа слива.
Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година. Производството ќе биде пласирано на европскиот пазар.
Согласно реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за овој период се Минхен, Келн, Рим, Гетеборг, Љубљана и Франкфурт.
Првиот македонски сајт за групни попусти, Grouper.mk, кој започна со работа во 2011 година, со објавени над 15.000 зделки за над 110.000 корисници од страна на 2.000 соработници, денес оствари пола милион продадени купони.
Како да се продолжи да се инспирираат и мотивираат луѓето да се стремат кон претприемништво и развивање иновативни бизниси?
Просечната месечна исплатена бруто - плата по вработен, во јуни 2016, изнесува 32.637 денари.
Делегати од 27 различни земји земаа учество на Институт за подготовка на глобални лидери во Македонија. На единаесетдневната школа, учесниците имаа можност да проследат програма со предавање од врвни предавачи.
Заинтересираните кандидати кои ќе се пријават до 30 септември, ќе бидат кофинансирани со 60% од износот за учеството во проектот.
За првпат во Македонија се организира конференција за вмрежување на компаниите од лесна метало-преработувачка индустрија со странски купувачи. Конференцијата насловена како Macedonia Manufacturing Expo ќе се одржи на 15 септември 2016 година.
Програмата ќе се одвива во текот на осум недели и има за цел да обезбеди вештини и знаење кои ќе им помогнат на стартапите да направат прототип, да лансираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис.
Инвестицијата обезбедува нови 30 вработувања и зголемување на извозните капацитети на компанијата.
Сите заинтересирани граѓани и организации, за подетални информации поврзани со проектот Иловица-Штука можат да се обратат во Информативниот центар на Еуромакс, лоциран во селото Иловица.
Интернешнел хотелс во првото полугодие прикажа вкупна сеопфатна добивка од 5.663.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Наставата започнува од 15 септември 2016. Овој период часовите се одржуваат во просториите на Македонска телевизија.
Согласно одлуката, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 61,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 63,5 денари за литар, а дизелот за 48 денари за литар.
За да излеземе во пресрет на Вашето барање, успеавме да ја вкрстиме економичната цена на оплеменетите иверки со високиот сјај од ламинатните иверки и цврстината на медијапанот.
Акцијата ќе трае до 15 септември, а сите заинтересирани потрошувачи што сакаат да бидат приклучени на системот за топлинска енергија до почетокот на грејната сезона треба да се пријават што поскоро.
Компанијата за производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалаци, Грозд од Струмица, оствари вкупна сеопфатна добивка од 25.909.000 денари, во првите шест месеци од 2016 година.
Добитниците на наградите од ова извлекување во Кочани ќе бидат објавени на Facebook фан страницата, како и во сите продажни објекти на Кит-Го и Тера маркети, во понеделник на 22 август.
Должината на далекуводот изнесува 48 километри, а вредноста на инвестицијата надминува 4 милиони евра. Поставени се 187 столбови, од кои новоизградени се 158, со кои се заменети старите столбови кои беа во употреба над 60 години.
Такси превозот треба да биде регулиран, да се исцртаат местата за паркирање на возилата, да се униформираат и да не се создава непотребна гужва.
Кредитната агенција Fitch го намали кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+ (BB+) на ББ (BB), со негативен изглед.
Големата шопинг манија Garage Sale, организирана од трговскиот центар Рамстор, ќе продолжи да трае уште два дена, односно до 23 август 2016 година.











