Во Македонија веќе една година функционира механизмот за мирно решавање на работните спорови, со лиценцирано 41 лице како арбитар во тој процес.
Комерцијална банка во експозитурата Расадник во Кисела Вода, по повод Денот на слепите лица 15-ти октомври, постави траки – водичи за лица со оштетен вид.
Со издавањето на публикациите се овозможува детален увид во историјата и процесите на градењето на централнобанкарското работење, од неговите зачетоци, па сѐ до денес.
Амортизацијата претставува постепено отпишување на вредноста на основните средства со коишто располага компанијата.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 187,612 милијарди денари, додека вкупните расходи се на ниво од 206,219 милијарди денари или за 4,5% повеќе во однос на годинава.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември оваа година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, додека во однос на истиот период лани зголемувањето е за 5,5 процентни поени.
Користејќи го пристапот на отворено место за споделување на знаење и идеи, Brainster talks ќе биде бесплатен и редовен meetup - настан каде што учесниците ќе учат од експерти во одредена област кои ќе зборуваат на актуелна тема.
На панелот Европска и регионална интеграција, експертите ќе зборуваат за финансиите, европските пазари и можностите за интегрирање на македонското стопанство со регионалните корпоративни сектори.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 63 денари, што е за 1,50 денари повеќе. Новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 65 денари, додека еден литар Еуродизелот (Д-Е V) ќе чини 50 денари.
Надзорниот одбор го именува Ненад Јовановски за претседател на Управниот одбор и генерален директор на МЕПСО.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одбележа Светскиот ден на храната под мотото: Блиску до традицијата, поблиску до природата.
Прометот во индустријата во август 2016 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот на компаниите во 2015 година, во однос на претходната година, е зголемен за 5,2%, додека додадената вредност за 6,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, повикува на масовно учество на втората хуманитарна трка Подај рака 2016, што ќе се одржи на 15 октомври, сабота, во 11:00 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот кај Хотел Александар Палас.
Вработените и менаџментот на Пивара Скопје, заедно со Амбасадата на Холандија во Македонија и компанијата Пакомак, исчистија над три километри од кејот на реката Вардар во Скопје.
Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки на Управата за јавни приходи (УЈП) е на нова локација и тоа во поранешната Централа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Цените во земјоделството во септември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 1%, а кај аутпутот се намалени за 2,8%.
План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030 година, вклучено кредитно животно осигурување и без банкарски трошоци.
Комерцијална и Стопанска – Битола, како и две штедилници, Фулм и Можности, се приклучија кон Гарантниот фонд за кредитирање во земјоделството.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во август, се повисоки за 0,8% на месечно, а пониски за 1,4% годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од 18-ти до 22-ри октомври, ќе се одржи Меѓународниот саем Технома 2016, којшто веќе 42 години претставува успешен деловен настан.
Промоција на Bare Origin масла за нега на кожа во Јавна соба.
Изборот Глобални ИКТ награди за извонредност се одржува на секои две години и за време на Светскиот конгрес на WITSA се доделуваат наградите со цел да се даде признание на компаниите и организациите за ИТ достигнувањата на глобално ниво.
Комерцијална банка ја претставува кредитната картичка MasterCard® Skopje City Mall, со којашто корисниците добиваат до 15% попуст при купување и бонус од 1% во трговскиот центар Skopje City Mall.