Темпото на работа е неверојатно важно!
Македонската економија е 68-ма најконкурентна од вкупно 138 земји во светот, покажуваат податоците на Светскиот економски форум (World economic forum).
Охридска банка Сосиете Женерал воведува нова услуга во своето портфолио, мобилен токен М – токен.
Министерството за економија, по повод Светскиот ден на туризмот, додели признанија на 50 најуспешни претставници од туристичкиот сектор во земјава.
Растот во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од 2% во 2016 година, под влијание на намалувањето на инвестициите, меѓутоа потоа постепено ќе закрепне и ќе достигне 3,3% во 2017 година односно 3,7% во 2018 година.
Од 26-ти овој месец, со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна месецот на штедење во НЛБ Банка чија тема оваа година е Штедење и хуманост.
Вкупната потрошувачка на енергенти, во јули оваа година, изнесува: 583 070 МWh електрична енергија, 11.751 мил. нм3 природен гас, 494.249 тони јаглен и 110.346 тони нафтени продукти.
Целта на неговата посета е да се разменат претприемачки искуства и да се мотивираат успешните локални претприемачи да возвратат на заедницата и на старт - ап еко-системот, преку менторирање на младите претприемачи, старт - ап тимови.
На 20 и 21 октомври во Скопје ќе се одржи петтиот Македонија2025 Самит. Самитот е широка платформа за споделување на знаење за бизнис, инвестиции, напредни технологии, иновации и лидерство.
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со седиште во Битола, во соработка со Центарот за еколошка демократија Флорозон од Скопје, почна кампања за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Во соработка со Хабитат кредитната линија, Штедилница Можности пласира кредити за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија.
Семејството Каранфиловски е четворочлено семејство од с. Стајковци, кое преку понудената поддршка во вид на апарати за домаќинство, ќе може на полесен начин да го нормализира своето секојдневие.
Биди досаден. Верувај, колку повеќе прашања поставуваш во периодот кога почнуваш и се воведуваш во новата работа - толку подобро.
Во понеделник, 26 септември, со почеток од 12:00, па сѐ до полноќ, во Јавна соба, започнува четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарскиот регион.
Ликвидноста на банките, согласно податоците на Народната банка на Република, бележи пад на месечна основа во август.
Македонската делегација која учествува на годинашниот Меѓународен саем за традиционална храна Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 во Торино, денеска е во посета на регионот Пиемонт.
ХОТАМ се приклучи кон иницијативата на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) за измени и дополнувања на законската регулатива која се однесува на ангажманот на сезонските работници.
Пазарите на земјите членки на Европската унија имаат најголемо учество во вкупниот извоз на компаниите од Македонија во 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Добра вест за сите родители е новата програма на ЦЕЕД ЕДУ посветена на професионалната ориентација и планирање на кариера за ученици од основно и средно образование.
Порше Македонија го отвори новиот продажен салон во Скопје во којшто ќе се продаваат ексклузивните модели на Porsche.
Десеттиот Октоберфест беше отворен на традиционалниот начин на кој се отвора и Октоберфест во Минхен - со дрвен чекан беше пробиен чепот на првото буре со пиво, а со изреката “О'zapft is“ (тапата е отворена).
Милена Миленковска беше најбрзата личност која го пронајде бурето што беше скриено во скопскиот ресторан Пелистер во рамки на глобалната прослава на 150-годишнината на дестилеријата Џек Даниелс.
Стопанска банка на законските наследници на починатите од поплавите што се случија на шести август им одобрува неповратна финансиска помош во износ од 1.500 евра по семејство, соопштуваат од банката.
Марко Ќаласан, од репрезентацијата на Македонија, освои сребрен медал, додека Јосиф Тепеѓозов, Андреј Величковски, Даријан Шеќеров, Филип Шијаков и Мила Ќосева освоија бронзени медали. Најуспешен учесник на олимпијадата беше Молдавецот Габриел Којокару.











