Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) е високообразовна институција која ги комбинира најдобрите образовни методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем.
Прехранбената компанија Витаминка од Прилеп ланската година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 57.686.000 денари, покажува неревидираниот поединечен биланс на успех објавен на Македонска берза.
За еден месец вкупните девизни резерви се зголемени за 6,5 милиони евра, додека во споредба со февруари 2015 година се забележува намалување од 77,3 милиони евра.
НајдиАвтомобил.мк е првиот агрегатор кој овозможува да ги најдете сите огласи за автомобили од најголемите и најпопуларни македонски веб огласници на едно место.
Престижната награда која ја добиваат најзаслужните за развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа беше доделена во рамките на самитот на претприемачите од регионот - 300 Најдобри, што се одржа во Дубровник.
Технокомерц во текот на 2015 година направи вкупна сеопфатна добивка од 8.511.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Акционерското друштво Грозд од Струмица минатата 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 42.901.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Цените на угостителските услуги во февруари оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Секторот трговија на големо и мало во текот на 2014 година има најголемо учество вкупниот број на претпријатија во земјата (43%), покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бензините поскапуваат за три денари, додека дизелот ќе се продава по цена повисока за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Тетекс од Тетово планира да реализира добивка од редовно работење по оданочување во висина 28.370.000 денари, стои во финансискиот план на компанијата објавен на Македонска берза.
Трошоците на живот во февруари оваа година, во однос на претходниот месец, се пониски за 0,1%, додека кај цените на мало намалувањето е за 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Како резултат на остварените резултати - значително зголемен промет и двојно зголемена вредност на извозот, компанијата Ариљеметал доо е добитник на наградата Best Brand во машинската индустрија за 2015 година.
На овогодинешниот натпревар ќе учествуваат 65 натпреварувачи од земјава и 15 натпреварувачи од странство. RoboMac 2016 вклучува низа работилници и предавања на кои учесниците ќе се запознаат со роботиката и најновите научни достигнувања.
Во првите два месеца од оваа календарска година, ХЕЦ Шпилје испорача над 51 милион киловат часови електрична енергија што претставува 19% од вкупно планираното производство за годинава.
На средбата децата требаше да размислат на тема колку реално ги чинат нивните родители, дали се свесни колку од домашниот буџет се одвојува за нив, каков е нивниот однос кон парите и дали се совпаѓа со тој на родителите.
Во четвртото тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2014 година, се пониски за 2,6%.
Прометот на Македонска берза во текот на февруари достигна 124.503.172 денари, што е намалување од 49,15% во однос на претходниот месец, покажува месечниот статистички билтен.
Оваа работилница е наменета за претставници од старт - ап компании и старт - ап ентузијасти и е бесплатна. Ќе се одржи на 9-ти март (среда) од 17 до 20:30 часот во HUB Скопје.
Акционерското друштво Карбо Нова од Крива Паланка во период од први јануари до 31-ви декември минатата година работеше со загуба којашто достигна 4.149.000 денари.
Трговскиот дефицит во јануари 2016 година изнесува 68.777.000 евра, што претставува намалување за 6,7% во однос на истиот период од минатата година.
оне.Вип го објавува почетокот на гласањето за најдобрите фотографии на #ФотоНаНеделата – најбрзорастечки хаштаг во Македонија на којшто веќе една година, љубителите на малите фотографии, пасионираните инстаграмџии секојдневно ги тагнуваат своите најдобри фотографии на Инстаграм.
Работодавачот на кредитокорисникот се обврзува да забранува дел од неговата заработка, во висина на месечниот ануитет од кредитот, додека корисникот на кредитот не ги подмири своите обврски кон банката.
Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1.927.000, во железничкиот превоз 352.000, во градско - приградскиот превоз 22.433.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 375.600.