Триглав Осигурување со Војновиќ добива искусен менаџер, но и соработник, кој ги почитува вредностите за коишто се залага и коишто ги гради и самата компанија.
Улогата на корпоративниот секретар, како што се наведува, е да се унапреди квалитетот на корпоративното управување во компанијата и да се почитуваат корпоративните правила и политики.
Акционерското друштво Агромеханика од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, во билансот на успех прикажа вкупна сеопфатна добивка од 3.324.000 денари.
Здружението на бизнис жени денеска со пригоден настан го одбележува Денот на женското претприемништво.
Во текот на првите девет месеци од 2015, Kuehne + Nagel групацијата го забрза растот на резултатите.
Секој кој бил сведок и познава некој кој направил добро дело, може да го кандидира како свој суперхерој и да се вклучи во оваа несекојдневна и пред сé хумана потрага.
Просечната трошочна ефикасност на банките е околу 84%, што значи дека околу една шестина од ресурсите на банките се изгубени во процесот на давање на банкарски услуги.
Целата сума од 260.000 денари ќе биде наменета за набавка на опрема и реновирање на простории во дневните центри кои функционираат во рамки на Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – Порака.
Со лансирањето на двете нови услуги за збирен камионски транспорт во 12 источноевропски држави, Kuehne + Nagel и понатаму го проширува своето портфолио на доверливи и економични камионски услуги, кои ги исполнуваат барањата на клиентите.
Компанијата Дуропацк во период од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со добивка којашто достигна 24.596.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Македонската конзервна индустрија годинава бележи рекордно производство, со квалитетни производи, но треба да ја подобри технолошката опременост.
Во последните години постои светски тренд на пораст на бројот на предвремено родени деца кој е последица на современиот начин на живот, поместувањето на старосната граница кај мајките и на примената на ин витро оплодувањето.
Винарската визба Сковин во период од јануари до септември оваа година оствари загуба од 87.340.000 денари, се вели во Образложението за остварените резултати објавено на Македонска берза.
Акционерското друштво Интернешенал хотелс, коешто раководи со хотел Континентал од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари загуба од 303.000 денари.
ТТК Банка во тековниот период оствари позитивен финансиски резултат во износ од 8,1 милиони денари наспроти остварениот негативен финансиски резултат остварен во истиот период минатата година.
Компанијата Аутомакедонија во првите девет месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 8.537.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Раде Кончар Апаратна техника за девет месеци од оваа година оствари позитивен финансиски резултат од 2.520.000 денари, покажува консолидираниот неревидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2015 година е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на претходното тримесечје.
Цементарница Усје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа добивка од 809.489.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Мермерен комбинат од Прилеп оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 266.308.000 денари, покажува билансот на успех за период од први јануари до 30-ти септември, објавен на Македонска берза.
Каматните стапки на депозитите за физички лица во денари и евра се намалени од 0,01 до 0,3 процентни поени. Новите каматни стапки за физичките лица се со важност од 15.11.2015 година.
Млинско пекарската компанија Жито Караорман од Кичево во првите девет месеци од оваа година работеше со добивка од 1.812.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Прометот во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 14,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје е зголемен за 0,1 процентен поен во однос на претходното тримесечје.