Вкупна сеопфатна добивка од 11.956.000 денари за Пелистерка во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Двете вина со кои винаријата Камник учествуваше на овогодишниот AWC VIENNA и за кои доби златни медали се Signature Merlot Grand Reserva 2012 и Ten Barrels Syrah Reserva 2012.
Рамстор Македонија на 13-ти ноември го отвори 20-от по ред маркет од ланецот Рамстор маркети, на улица Милан Зечар бр.6 во населба Аеродром, Скопје.
Цените во земјоделството во октомври 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 5,3%, а кај аутпутот се намалени за 2,8%.
Подоброто управување со производните трошоци доведе до намалување на трошоците на продадени производи за 10% или зголемување на бруто добивката за 22% споредено со истиот период минатата година.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 62,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС - 98 ќе биде 64,50 денари за еден литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) останува непроменета и ќе чини 49,50 денари за литар.
Стопанска банка Битола, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари негативен финансиски резултат од 52,64 милиони денари.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 20,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од 1-ви ноември 2015, Kuehne + Nagel ќе го опслужува BMW Group со опсежна палета на услуги, во делот на логистика за резервни делови.
ФЗЦ 11 Октомври од Куманово во период од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со загуба од 129.765.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Министерството за локална самоуправа денеска ќе ги додели наградите на најиновативните проекти за регионален развој кои се доставени од осумте центри за развој на планските региони.
Друштвото за градежништво Бетон од Скопје за девет месеци од 2015 година оствари консолидирана добивка од 57.339.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Компанијата Технометал Вардар од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со добивка од 43.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Годинава Тиквеш откупи над 25 милиони килограми квалитетно грозје, што е своевиден рекорд во изминатите 10 години. Од овие количества, дури 3,5 милиони килограми е грозје од кое се произведуваат вина од премиум класа.
Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство, во период од јануари до септември оваа година, изнесува 3.286.333.000 денари, што е за 53,3% помалку во однос на истиот период лани.
Винарската визба Попова Кула во период од први јануари до 30-ти септември оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.484.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември оваа година, на месечно ниво се пониски за 0,6%, додека на годишно ниво се поголеми за 5,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Нафтената компанија Окта во првите девет месеци од оваа година прикажа добивка од 134.410.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус во соработка со центарот за коса 101 Hair Clinic како дел од кампањата Моември, во сабота, 14 ноември, од 13 часот во т.ц. City Mall организираат бесплатни прегледи за коса за мажите.
Вабтек МЗТ прокнижи загуба од 1.244.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) очекува понатамошно зголемување на склоноста кон задолжување, односно раст на побарувачката на кредити.
Лајонс Клуб Вардар и Лео клубот Аксиос организираат хуманитарна забава во рамки на одбележување на месецот за борба против дијабетесот.
Градежната компанија Фабрика Карпош во деветмесечниот биланс на успех прикажа вкупна сеопфатна добивка од 26.877.000 денари.
Берзата ја посетија стотина ученици од средното економско училиште Васил Антевски Дрен, кои покрај презентацијата на нејзината историја и начинот на функционирање го проследија и тргувањето во живо и беа сведоци на берзанските трансакции.











