Македонските вина и ракии на Тиквеш, Камник и Стоби од денеска за прв пат можат да се купат во Емиратите.
Направете ја вистинската одлука, имплементирајте, променете ги вашите навики и остварете ги вашите цели.
Различните системи се дизајнирани да понудат алтернативни начини за отворање на вратичките на висечките елементи, давајќи голема флексибилност и поголема просторна искористеност.
Рамстор Мол веќе трета година по ред ја организира кампањата под име Гараж Сејл која ќе започне на 20 август и ќе трае до 27 август.
Под мотото За сите деца, здружението Хуманост без граници организира хуманитарна акција на дарување на училишен прибор, опрема и книги за децата од СОС Детско село.
Во периодот јануари - јуни 2015 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.959.531 илјади денари, што е за 56,8% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар, во јуни 2015, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 9,4%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,7%.
Подигнување на свеста кај земјоделскиот сектор за штетното влијание на климатските промени врз земјоделските култури е целта на настанот што денеска ќе се одржи во овоштарник со круши во село Младо Нагоричане, кумановско, во организација на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2015 година е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година.
Во јуни 2015 се издадени 186 одобренија за градење, што е за 10,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
NewMan’s Business Accelerator на 18 август 2015 (вторник) ќе биде домаќин на Pioneers of the Balkans – уникатна старт - ап програма организирана од страна на Pioneers во име на Светска Банка.
Македонската Кошаркарска Федерација се приклучи кон кампањата Шанса за живот, иницирана од компанијата ОКТА. Сите средства собрани од пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Израел се веќе донирани за целите на кампањата.
По усвојувањето на овој закон од Собранието, ќе се создадат законски можности неколку стотици индивидуални земјоделци да се стекнат со старосна пензија. Ова законско решение ќе почне да се применува од 1 јануари 2016 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се дека ќе се зголемат во наредните три месеци, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе остане на исто ниво во наредниот период.
Во јуни 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1,5% на месечно ниво, а се пониски за 1,5% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индексот на цените во земјоделството во јули 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 6,4%, а кај аутпутот е зголемен за 3,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, годинава по шести пат ќе се одржи од 16 до 28 август во Охрид.
Подготвена е драфт верзијата на новиот закон за енергетика и во следните три месеци се очекува да ги помине сите фази и да биде целосно усогласен со директивите на ЕУ и Енергетската заедница (ЕЗ).
Бројот на туристите во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 1,0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2,3%.
Атрактивни цени што ќе започнуваат од 29 денари, ќе има од 13 до 16 август на одредени производи во @Home. Останатите декоративни елементи за уредување на домот и ексклузивниот мебел ќе бидат намалени до 20%.
За време на отворените денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска помош на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат.
Досегашните поволности кои ги нудат Visa деловните картички, како едноставно плаќање на службените трошоци, без провизија, секаде во светот.
Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари беше избран по иницијатива од Лице в лице, Регионалната платформа за активизам, која економски и социјално ги засилува маргинализираните групи.