Акционерското друштво Европа во првите шест месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 14.264.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Тетекс од Тетово во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.210.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех.
Seavus Едукативниот и Развоен Центар и Seavus Александрија ги нудат најсовремените студиски програми преку трите Aкадемии за: Програмирање, Дизајн и Компјутерски Мрежи.
Компанијата на својата интернет страница објави дека одлуката за проширување на деловните активности во Македонија е официјализирана.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2015 година, во однос на второто тримесечје од 2014 година, е намалено за 2%.
УЈП ја објави осмата листа на должници за долгови доспеани до 30.04.2015 и неплатени до 31.07.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Бензините ќе се точат по цена пониска од 3,5 денари за литар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе поевтинат за два денари.
Објавен е повикот за давање под закуп на државното земјоделско земјиште во Џумајлија. Површината од вкупно 4.000 хектари е поделена на четири целини.
Како и во првите три месеци од 2015 година, кредитните услови на претпријатијата во второто тримесечје забележаа умерено нето – олеснување.
Акционерското друштво за угостителство, туризам и трговија Македонија – Битола во првото полугодие од 2015 година прикажа загуба од 6.933.000 денари.
Македонската Кошаркарска Федерација ги повикува сите свои поддржувачи да ја поддржат кампањата „Шанса за живот“.
Вкупните девизни резерви на крајот на јули оваа година се позиционираа на ниво од 2.198.300.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.
Дебарски бањи Цапа во период од 01.01. до 30.06. оваа година евидентираше загуба од 4.326.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
ЕВН Македонија се вклучи во донаторската акција на Црвениот Крст за помош на најпогодените од невремето и поплавите во тетовскиот регион.
Трошоците на живот во јули, во однос на претходниот месец, бележат намалување од 0,7%, додека кај цените на мало тоа намалувањ е 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Благој Ѓорев од Велес во првото полугодие од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 11.886.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој идната недела почнува со Отворените денови за граѓаните.
Најтргувани акции на официјалниот пазар во јули се оние на Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ Тутунска банка, покажува месечниот статистички билтен за јули на Македонската берза.
Компанијата Факом прикажа позитивен финансиски резултат од 3.523.000 денари, што е резултат од зголемениот физички обем на производство, се вели во Образложението кон Билансот на успех.
Компанијата Македонијатурист во првите шест месеци од оваа година оствари нето добивка во висина од 70,47 милиони денари, се вели во Коментарот на билансот на успех, објавен на Македонска берза.
Цените на угостителските услуги во јули оваа година, во однос на претходниот месец, останаа непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Вкупната нето добивка на крајот од првото полугодие од 2015 година изнесува 548.087.000 денари и е зголемена за 200% во споредба со истиот период од претходната година.
Претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот Thomas Cook Group од Англија од вчера се во постета на Македонија.
Со добивањето сертификат за трговска маркичка од Агенцијата за брендирање прехранбени артикли, дебарските сточари официјално го брендираа нивното бело овчо сирење.