На дневен ред денес, во Собранието на Република Македонија, ќе биде Владината мерка за отпис на долговите по однос на обврски од пензиско и од здравствено осигурување заради поддршка на ликвидноста во стопанството и надминување на последиците од светската економска криза.
Според цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, трошоците на живот во јануари се зголемени за 0,3% во споредба со декември минатата година.
Во канцелариите на CEED Македонија, со почеток во 15 часот, денес ќе се одржи првиот модул од Програмата за претприемачи/Претприемачко лидерство.
Во наредните две до три недели, претставници од неколку странски компании ќе престојуваат во посета на Македонија, на поконкретни разговори пред донесување на конечна одлука за инвестирање.
Стопанската комора на Македонија денес одбележува 91 година од основањето, како партнер и застапник на деловните интереси на стопанството во Република Македонија.
Oткако беше формиран Комитетот за стечај, Владата усвои план за суштинска реформа на законодавството за стечај.
Лабораториските испитувања спроведени во Македонија на производите на хрватски Дукат потврдија дека во млекото “Лагано јутро” има зголемено присуство на афлатоксин М1.
Квалификациите започнуваат во сабота, во 10.00 часот, а учество ќе земат и членовите на CEED клубот, Лидија Нануш (Deloitte Македонија), Горан Дамјановски (Стримформ) и Гоце Новачевски (CEED Македонија).
Претставници од дванаесет гевгелиски компании од областа на туризмот, денес престојуваат во бугарскиот град Гоце Делчев каде се одржува обука на тема Квалитет на услуга и грижа за клиентот.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ги прифати измените на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во прво читање и ги проследи на натамошно читање.
Во просториите на CEED Македонија, денес со почеток во 16.30 часот започнува првата сесија од подготвителниот курс за здобивање со PMP сертификат. Сесијата продолжува и утре, сабота (16.02.), со почеток во 09.00 часот.
Украинските стопанственици од Дњепропетровск најмногу се заинтересирани за инвестиции во областа на туризмот, земјоделството, производствени дејности, особено во машинската индустрија, рударството, градежништвото и енергетиката.
Турски бизнисмени вчера ја посетија општина Битола со цел да го прошират својот бизнис на овие простори, соопштија од кабинетот на градоначалникот Владимир Талески.
Во рамките на првиот модул од Претприемачката програма за Финансии, утре во хотел Фени, Кавадарци ќе се одржи предавање на теми Финансии и Финансиски Менаџмент/Финансиска Анализа I.
Меѓународната групација Три Гранит и Скопски саем потпишаа договор за деловна соработка кој вклучува заедничка реализација на проектот ЕРА Сити.
Со својата уникатна MaxTV услуга, Македонски Телеком постигна извонредни резултати на пазарот. Македонски Телеком веќе ја надмина бројката од 70.000 MaxTV корисници. За само четири години постоење и во услови на голема конкуренција, MaxTV стана лидер на тв пазарот.
На барање на Врховниот суд на Индија Индиското регулаторно тело СЕБИ ги замрзна сметките на компаниите на милијардерот Субрата Рој Sahara India Real Estate и Sahara Housing Investment,поради тоа што измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале.
Во СМАРТ центарот на Факултетот за информатички науки и Компјутерско инженерство (ФИНКИ) денес свечено ќе биде отворена NOKIA лабораторијата за мобилни технологии.
По повод празнувањето на денот на лозарите, Св. Трифун Државниот завод за статистика соопшти дека во периодот 2009-2011 година, површините под винова лоза во Република Македонија се во благ пораст.
Вардарскиот плански регион, во кој влегуваат општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија, зафаќа 16,2% од територијата на Република Македонија.
Денес во Скопје свечено ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција.
Денес во Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се одржи јавна расправа за предлог листата за минимални услови за добра земјоделска пракса и животната средина.
Во рамките на Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија утре во Тетово, во хотел Лирак, со почеток во 15 часот ќе се одржи првиот модул од втората генерација на Програмата за претприемачи.
Кроација Осигурување А.Д. е избрана за најдобар понудувач на тендерот за осигурување на А.Д. Македонска пошта.