Новости

Само во српската престолнина минатата 2020 година се потрошени 434 милиони евра на купување станови.
Почнувајќи од денеска, 24-ти јануари, лабораторијата Жан Митрев ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Кандидатурата на Јелен е изгласана со 26 гласови во одбор во којшто подеднакво се застапени и демократи и републиканци, пренесува Ројтерс.
Светски туристички аналитичари предвидуваат закрепнување на пазарот со можно зголемување на глобалните приходи за околу 50%.
Турските банки и државните кредитори соработуваат за да се создаде мрежа на банкомати коишто ќе ги стават сите турски банкомати под еден заеднички бренд.
За најавената предлог политика за недела како неработен ден, спровеле анкета во која претпријатијата позитивно се изјасниле за нејзина реализација.
Како што истакнаа од Здружението, пиварството е една од најзагрозените индустрии во земјата, а сегашната државна помош не е доволна за опстанок, особено на помалите пиварници.
Рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.10.2020-31.12.2020 и 01.12.2020 -31.12.2020 се продолжува за четири дена, односно за краен рок за поднесување ќе се смета 29 јануари 2021.
Најавени повисоки плати и нови инвестиции во ТИРЗ.
Ова е поткрепено со фактот дека LG неодамна се префрли на некои други видови технологија, примарно фокусирани на паметни домашни уреди, што тие го покажаа на овогодинешниот саем за потрошувачка електроника (CES).
Во последниот квартал од минатата година, производството на челик порасна за околу 9%.
Готовата облека сочинува 10% од вкупниот извоз на Турција во 2020 година.
Amazon за 3% го зголемува надоместокот за шпанските компании што ја користат нивната платформа за продажба на производи и услуги од април.
Гејтс неодамна во својот блог изјави дека 2020 година е ужасна година, но верува дека 2021 ќе биде подобра година.
Вредноста на белградското метро се проценува на околу 3,8 милијарди евра.
Во февруари се очекуваат вакцините кои се договорени директно со компанијата Pfizer.
Во последниот број, неделникот Фокус открива афера која дава сосема нова димензија за причините зошто доцни изградбата на штипската болница.
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 493.692 денари (12 x 41.141 денари).
Што повеќе се пролонгира одлуката за онлајн обложување, толку поголема е опасноста многу работни места да бидат загрозени. А, повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно зависат од генерирање на личен доход од ланецот на вредности кој го има создадено оваа индустрија!
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) порача на крајот на минатата година дека е потребен радикален пораст во примената на технологијата за фаќање на јаглеродот ако земјите сакаат да ги постигнат целите на нето емисиите на гасови на нула.
Oбјавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка, за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.
Станот што го добила е во изградба и во тек се завршни активности.
За успешната кариера на Радовановиќ зборуваат и досегашните две големи награди за архитектура, доделени под покровителство на Претседателот на Р.С.М. – за Спортскиот Центар ,,Јане Сандански” (2014) и за „Индивидуален станбен објект со посебен режим на домување“ во Скопје (2016).
Според компанијата, повеќето нарачки доаѓаат од оние кои купуваат шишиња воздух како подароци за пријателите или семејството кои живеат во странство.