Новости

Глобалниот фармацевтски гигант Pfizer отвори нова фабрика за производство на пневмококна конјугирана вакцина во Истанбул, Турција. Ова е трета ваква фабрика на Pfizer, по првите две лоцирани во САД и Ирска.
Шпанската централна банка објави дека вкупниот удел на лоши кредити во шпанскиот банкарски сектор во септември достигнал рекордни 10,7% од нивната вкупна вредност. Колку за споредба, во август нивниот удел изнесувал 10,5%.
Според весникот Sunday Telegraph, Мариса Маер, извршниот дирекот на Yahoo! и Шерил Сандберг, главниот раководител на Фејсбук, разговарале за тоа како двете компании би можеле да соработуваат повеќе.
Хрватската Адрис група е заинтересирана за купување на удел во најголемата словенечка осигурителна компанија Заваровалница Триглав. Оваа компанија од Ровињ претходно покажа интерес и за купување на најголемиот хрватски осигурувач Кроација осигурување.
Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е прогласен за виновен по првата точка од обвинението за примање поткуп од Hypo Banka и неправосилно е осуден на 10 години затвор.
На традиционалниот меѓународен вински фестивал Gourmet food & Wine Expo во Торонто, Канада, кој што се одржа викендов, беа претставени македонски вина од винаријата Далвина.
Францускиот бренд Lacoste го презеде швајцарската компанија Maus Freres, со купување на акции во вредност од една милијарда евра.
Македонските компании очекуваат поддршка за 43 нови проекти, од кредитната линија од 100 милиони евра на Европската инвестициска банка.
Словенечката компанија за производство на бела техника, Горење, извести за пад на добивката од 6,4 милиони евра, прв пат од 2009 година.
Катар ќе инвестира една милијарда евра во италијанските мали и средни претпријатија, изјави премиерот шеик Хамад бин Јасим ал-Тани, за време на посетата на италијанскиот премиер Марио Монти на оваа земја.
Педесетина деца од СОС Детско село беа специјални гости на Микросам од Прилеп по повод Светскиот ден на детето, 20 ноември. Тие преку игра и дружење со менаџментот на компанијата научија како се прават роботи, што се композитни материјали и каде се се употребуваат.
Наскоро македонските граѓани ќе можат да користат интернет на своето македонско кирилично писмо. Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет воведува нов национален кириличен домен.
Плаќањето на сметки е најчестата причина поради која Бугарите земаат кредити, соопшти финансиската институција Изи кредит, пренесуваат бугарските медиуми.
Хрватската фармацевтска компанија Плива инвестира 200 милиони долари во два нови погони, еден во Савски Мароф, другиот во Загреб.
Изградбата на најголемиот соларен парк на светот, во кој ќе се инвестираат 1,75 милијарди евра, ќе почне да се гради на југот на Србија во април 2013 година, изјави за Танјуг менаџерот на инвестицискиот фонд Securum Equity Partners, Иван Матејак.
Македонско-руската стопанска комора и Стопанската комора на Македонија организираат Македонско - руски бизнис форум.
Профитот на турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс во првите три квартали скокна на 480,8 милиони долари, што е неверојатен раст од 655% во однос на истиот период минатата година.
Следните неколку години, автомобилскиот гигант Peugeot-Citroen ќе ја пренасочи продажбата на растечкиот кинески пазар. Колатералната штета на оваа стратегија се илјадниците француски работници на кои им се најавени откази.
Во Париз, Франција, од 21 до 25 октомври се одржа светскиот саем за храна СИАЛ 2012. На саемот што се одржува еднаш на две години, оваа година учествуваа приближно 5.900 фирми од над 100 земји, а го посетија 140.000 посетители.
Со над 50 години искуство како бизнис школа, EAE учествува во образованието на повеќе од 57.000 менаџери и професионалци. Секоја година, ученици од повеќе од 45 националности во EAE се обучуваат за извршување на должностите и одговорностите во рамките на бизнис институции. Неодамна, ОИЦ Скопје склучи договор за соработка со овој универзитет и се направи посебна Програма за стипеднирање на македонски студенти.
Во просториите на НУБ Свети Климент Охридски во Скопје, вчера започна манифестацијата Стипендии ЕКСПО 2012. Настанот свечено го отвори Британскиот амбасадор, г-дин Кристофер Ивон, кој ги охрабри сите земји и нации да ги прошират своите хоризонти и отворат вратите за идните лидери.
Најдобрите компании во светот се места каде што вработените навистина сакаат да одат на работа секој ден. Во последната година, овие компании отвориле 120.000 нови работни места.
Макпрогрес доо е добитник на националната награда за општествено одговорни практики за 2011 година, која е дел од проектот „Општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија“.
Џен Филдс, претседател на Мекдоналдс Америка, се повлече од функцијата, откако компанијата покажа пад на продажбата во октовмври, прва по 2003 година.