Новости

Виктор Векселберг, основачот на Renova Group, конгломерат што контролира инвестиции во енергетика, градежништво и рударство, ќе стане најбогатиот човек во Русија откако на рускиот оператор со гас и нафта, Rosneft ќе и го продаде својот удел во нафтената компанија TNK-BP за 1,5 милијарди долари.
Франција финансиски ќе го поддржи огранокот на произведувачот на автомобили PSA Peugeot Citroen со пет до седум милијарди евра во банкарски гаранции. За возврат, владата од Peugeot ќе бара да го намали бројот на работни места што планира да ги укине во рамките на планираната реорганизација.
Германската компанија Siemens извести дека планира да се повлече од работењето со соларна енергија затоа што не успеале да ги остварат своите очекувања.
Пчеларството и производството на мед можат да се издвојат како една од ретките земјоделски гранки во Хрватска што не се погодени од кризата, а не недостигаат ниту државните субвенции. Според Мартин Крањец, претседател на Хрватскиот пчеларски сојуз, државата оваа дејност годишно ја поддржува со 2,4 милиони евра буџетски пари, од што пчеларите и пчеларските организации годинава потрошиле само 80%.
Произведувачот на познатото лондонско црно такси, Manganese Bronze оди во стечај, затоа што не успеа да обезбеди доволно пари од својот најголем акционер, кинеската компанија Geely, која поседува 20%.
Македонија е рангирана на високата 23 позиција од вкупно 185 земји во најновиот извештај Doing Business 2013: Попаметни прописи за мали и средни преприемачи што го објави Светска банка.
Српската влада планира да формира нова национална авиокомпанија исчистена од долгови и да ја обнови флотата со активирање на стариот договор со Ербас, изјави министерот за финансии, Млаѓан Динкиќ.
Босна и Херцеговина во Бугарија остварила извоз од околу 12 милиони евра, односно за првите осум месеци годинава, БиХ во Бугарија го зголемила извозот за 143,8% во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на бугарскиот Национален институт за статистика
Компанијата PepsiCo, вториот по големина светски произведувач на безалкохолни пијалоци, планира да го продаде својот бизнис во земјите од централна Европа.
Додека некои делови од Србија се “гушат” од големи трговски маркети, во други делови се желни за еден поголем супермаркет, кој со пониски цени би им конкурирал на малите дуќанџии. Токму лошата покриеност со продажна мрежа на големите трговски синџири ја користат помалите продавници, каде цените се и до 40% повисоки.
Јапонското семејство Конго Гуми, својот семеен бизнис успеал да го одржи полни 14 векови. Со изградба на будистички храмови, семејството се занимавало од 578 до 2006 година, кога Конго Гуми банкротираше.
Во првите шест месеци годинава, во Европа се изградени 2,4 милиони метри квадратни трговски центри, стои во анализата на меѓународната компанија за недвижнини Cushman & Wakefield. Се градат уште 4,5 милиони метри квадратни шопинг центри кои ќе бидат отворени до крајот на годинава.
Директните странски инвестиции во Хрватска се на најниско ниво во последните 16 години. Според податоците на Хрватската народна банка (ХНБ), во првите шест месеци од годинава изнесувале само 154 милиони евра. Овој износ е скоро ништо во однос на рекордните 4,2 милијарди евра странски инвестиции забележани во 2008 година.
Минатиот четврток тргувањето со акциите на Гугл на берзата во Њујорк предизвикала огромен хаос кај берзанските работници. Тргувањето со акциите било прекинато на два часа, по објавените разочарувачки податоци за вредноста на Гугл во последните три месеци.
Александар Ѓорѓиев, владиниот портпарол изјави дека Македонија ја усвоила Стратегијата за иновации 2012 - 2020, со чија што помош ќе добиеме поквалитетен бизнис во нашата држава
Оптимизација, профитабилност, фокусираност и раст се стратешките цели на Меркатор група за периодот 2013 – 2016 година. Надзорниот одбор на словенечкиот трговски ланец Меркатор ја потврди новата среднорочна економска стратегија со која групата ќе се фокусира на пет главни пазари.
Просечниот Бугар не може да подига поголеми кредити, затоа што тоа лесно може да му создаде финансиски проблеми. Ова е дел од заклучоците на истражувањето спроведено врз 1.000 луѓе за оцена на нивниот личен кредитен рејтинг што го спроведе кредитната консултантска куќа Кредит центар.
Dell ја заврши својата долго очекувана аквизиција за купување на водечкиот пакет на акции на ИТ гигантот Quest Software. Со аквизицијата Dell успеа да го окрупни својот капитал на повеќе од 10 милијарди долари.
Финската компанија Nokia, до неодамна најголемиот произведувач на мобилни телефони во светот, извести дека во третото тримесечје бележи загуба од 969 милиони евра.
Содржините ќе се наплаќаат преку претплатата за таблети и преку интернет, а избраните содржини ќе бидат објавувани бесплатно на The Daily Beast, блогот на Newsweek со повеќе од 15 милиони посетители месечно, кој бележи раст од 70% последнава година.
Земјите на Европската Унија размислуваат во рамките на Европската централна банка ( ЕЦБ ), да формираат посебно тело кое би ги отстранило постојните правните препреки, со тоа што би се овозможило во банкарската унија да се вклучат и земјите кои се наоѓаат надвор од еврозоната.
Јапонскиот џин Сони ги објави своите планови за реструктуирање кои предвидуваат затворање на нивната фабрика за производство на објективи за апарати за сликање, мобилни телефони и веб камери. Ваквиот потег ќе значи отпуштање на над 2.000 работници.
Amazon.com планира привремено да вработи уште 50.000 луѓе, со цел празничниот шопинг да мине во најдобар ред.
Според Michele McQuaid, светскиот лидер во позитивна психолошка интервенција, доколку чувствувате дека не сте доволно ценети, доколку не сте доволно инспирирани, доколку се чувствувате осамено и мизерно на вашето работно место – не сте единствени...