Новости

Од агенцијата продолжија да работат на унапредување на препораките и на соработка со државните и меѓународни институции, со цел финално прифаќање на иницијативата и конечно намалување на роаминг цените.
Најпрометниот и најдинамичниот аеродромот во Турција, Ататурк аеродромот во Истанбул доби меѓународно признание и беше прогласен за најдобар аеродром во јужна Европа по втор пат.
T-Mobile воведе нови Play тарифи кои овозможуваат неограничена мобилна комуникација и Max TV на мобилен телефон, како и нови Smart тарифи за поволни разговори.
Отсега работодавачите не мораат да одат до подрачната единица на Државниот инспекторат за труд и да доставуваат писмена пријава за прекувремена, ноќна и работа на празници. Сето тоа сега ќе се извршува по електронски пат.
Стапката на невработеност во Грција во јануари годинава достигна 27,2%, објави агенцијата за статистика на Европската унија, Евростат. Во декември невработеноста била на ниво од 26,4%, па така во јануари е достигнат нов историски максимум на бројот невработени.
Бројка од 3,39 милиони автомобили од јапонските марки Тојота, Нисан, Хонда и Мазда се повлекуваат од продажба поради потенцијално неисправно воздушно перниче.
На саемот на вино Винарија, во бугарскиот град Пловдив, беа претставени вината од винаријата Стоби, која беше и единствениот претставник од Македонија.
ЕОЅ група ја презеде компанијата SAF Forderungsmanagement, компанија на Дојче Телеком за управување со побарувања. Со преземањето на SAF, ЕОЅ група станува лидер во наплата на побарувања во телекомуникацискиот сектор.
Турски и меѓународни компании кои работат во индустриската зона Кочаели, во Турција, ќе ја посетат Македонија, со цел да ги запознаат условите за инвестирање во државава.
Од јавните претпријатија поради програмите за реструктуирање, до средината на следната година ќе си заминат 10.000 луѓе. Предводник во отпуштање е Хрватски железници (ХЖ), потоа следуваат Хрватски автопатишта (ХАЦ), Кроација ерлајнс, Хрватска пошта...
Во организација на Стопанската комора на Македонија и Бордот за надворешни економски односи на Турција, денес во просториите на Комората ќе се одржи форум за унапредување и промовирање на економската соработка со Грузија, Азербејџан, Ирак, Иран, Кувајт.
Шведската Агенција за храна откри присуство на значителна количина свинско месо во говедска салама со халал сертификат од Словенија. Словенечките медиуми наведуваат дека станува збор за говедски кулен на произведувачот Кошаки ТМИ од Марибор.
Во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, денес ќе бидат промовирани три софтверски решенија за подобрување на домашната економија преку обезбедување на полесен пристап до информации за бизнис секторот.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија одлучи максималната каматна стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 3,5%.
Американската компанија Боинг планира да инвестира преку една милијарда долари во проширување на погонот во Јужна Каролина, каде што се произведува моделот 787 Дримлајнер.
Брашното во Македонија е потполно исправно. Постојано се прават детални анализи на увезените количини пратки.
Граѓаните на Србија од денес можат да отвораат налози на најголемиот онлајн сервис за праќање пари и плаќање преку Интернет, PayPal, јавува Танјуг.
Во општина Илинден ќе никне нов откупно-дистрибутивен центар, кој ќе биде лоциран во индустриската зона на општината
Американскиот Колеџ во Солун (ACT) нуди образовна можност преку доделување на целосни стипендии за школарина на 5 студенти кои сакаат да студираат во Солун, Грција.
Фолксваген, кој планира да инвестира во фабрика за производство на нови лесни комерцијални возила во Европа, не може да се определи меѓу Турција и Полска, изјави турскиот министер за економија Зафер Чаглајан.
Виена Иншуренс Груп официјално се издигна на водечката позиција на македонскиот осигурителен пазар.
Наскоро започнува собирањето на понуди за приватизација на Кроација осигурување и Хрватска поштенска банка (ХПБ), најави хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ.
Организацијата Македонија 2025 организираше студентска посета на Технолошко индустриско развојните зони и Џонсон Мети.
Од Агенцијата за финансиска поддршка на зејмоделството и руралниот развој соопштуваат дека во тек е поднесувањето на барања за директни плаќања за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко.