Фрапорт оперира со аеродромот во Франкфурт, третиот најголем аеродром во Европа и со аеродроми во уште 12 градови.
Оваа апликација им овозможува на корисниците на такси услуги да контактираат директно со таксистите. MyTaxi е концепт што соработува со веќе постоечките такси здруженија и нивните диспечерски центри.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе почне со електронско јавно наддавање за давање под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 10 хектари.
Компанијата ќе нуди софтвер за заштита и брзо справување при сајбер напад со што помалку финансиски загуби на ИТ системот на клиентот. Потенцијални клиенти за услугата се болници, градежни компании, банки...
Цените на угостителските услуги во август оваа година, во споредба со претходниот месеци, се зголемени за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата ОКТА донираше 20 десктоп компјутери за Клиниката за детски болести. Донацијата во компјутерска опрема ќе помогне клиниката во целост да го имплементира системот за квалитет во работата.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во второто тримесечје од оваа година, во споредба со истиот период лани, бележат намалување од 0,8%
Македонска берза, во текот на месец август, евидентираше вкупен промет во висина од 280.698.564 денари, што во споредба со претходниот месец, е пораст од 76,52%.
Во времето на налетот на руски инвеститори, метар квадратен чинеше од 3.000 до 8.000 евра. Продажбата одеше добро, па многумина гледајќи добра заработка во тој бизнис, градеа интензивно и претерано.
Собранието на пленарна седница вчера попладне го донесе ребалансот на Буџетот за 2014 година.
Руските власти донесоа забрана за увоз на сите кондиторски производи од Украина, што е најновата увозна забрана на Москва среде ескалацијата на украинската криза.
Директорот за развој на мотори и електроника на Ферари, Лука Марморини, со партнерот СГП, е заинтересиран да го инвестира долгогодишното искуство и капитал во српски компании.
Осмото издание на фестивалот на виното Виноскоп оваа година ќе се одржува на нова локација, на плоштадот Карпошово востание, помеѓу Музејот на холокаустот и Музејот на македонската борба, од 24 до 28 септември.
Добитници на сертификат се успешни компании кои имаат одлична пракса во управување со човечки ресурси и задоволуваат високи стандарди за квалитет.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално врнежите можат да бидат и поизразени.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Рецептот за производство на ова пиво содржи попис на сировини, опис на процесот на производството и полнење и карактеристики на готовиот производ.
Ново акционерско друштво во државна сопственост Водостопанство на Република Македонија ќе се формира за да може успешно да се реализираат најавените инвестиции во водостопанството и да се обезбедат подобри услуги за земјоделците.
За опуштени пензионерски денови, телекомуникацискиот оператор ОНЕ го нуди најдобриот пакет со фиксна линија и телевизија за најниска месечна претплата на пазарот од само 348 денари месечно.
Трговскиот дефицит, во периодот од јануари до јули оваа година, изнесува 1.416.089.000 долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со завршувањето на летната сезона, менаџментот на спортскиот центар Борис Трајковски ја заокружи и втората сезона од работењето на Градскиот Аква Парк.
Судот во Франкфурт и забрани на американската компанија за такси услуги Uber да работи во Германија, под образложение дека ја нема потребната правна дозвола согласно тамошната правна регулатива.
Мајкл Блумберг, еден од најбогатите луѓе во светот, по 12 години како градоначалник на Њујорк, повторно застанува зад медиумскиот гигант Bloomberg LP, што го основа пред 30 години.
Европската унија ги казни технолошките гиганти Infineon, Philips и Samsung со 138 милиони евра поради формирање на картел и договарање на цените на чиповите за паметните картички во Европа.











