Турската компанија Rixos, чие седиште се наоѓа во Дубаи, покажала интерес да гради туристички комплекс од висока категорија во Улцињ.
Целата територија на Македонија, денеска и утре ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата алертна фаза. Температурите, зависно од регионот, ќе се движат од 30 до 40 степени.
Поради топлотниот бран во Македонија, препорачуваме да се одбегнува патување во периодот од 10 до 17 часот, кога температурите се највисоки.
Google ќе инвестира во нов проект за градење на транспацифички систем на кабли со цел да ги задоволи потребите за подобрување на брзината за пренос на податоци.
Акционерското друштво Скопски пазар евидентираше нето добивка од 14.428.000 денари во првите шест месеци од оваа година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
До почетокот на август се откупени околу 75.000 тони пченица или 66% од вкупните лански количини, што е зголемување за околу 6% во споредба со истиот период минатата година
Кремастите француски сирења, стекот од Австрија и рижото со морски плодови веќе не можат да се најдат на менијата во руските ресторани по забраната за увоз на сите видови риби, месо и млечни производи.
Околината на Еверест со остатокот од земјата досега не беше поврзана со патна инфраструктура. Жителите на овие места до потребните намирници доаѓаат преку воздушен пат.
Mлади лидери од 44 различни земји, свечено по трет пат пат ја отворија летната школа Институт за подготовка на глобални лидери на Првиот приватен универзитет ФОН во Струга.
Бројот на туристи во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 4,2%, додека кај ноќевањата зголемувањето е 1,5%.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули оваа година се пониски за 0,2% на месечно, односно за 0,7% на годишно ниво.
Системот се активира во моментот кога сензорите ќе регистрираат дека возачот заспива и вклучува аларм што има за задача да го разбуди пред тој да ја загуби контролата над возилото.
Според Ведемости, најверојатно станува збор за пакет акции од околу 60% удел и според весникот, трансакцијата може да достигне 500 милиони евра.
Охридско-преспанскиот и полошкиот регион денеска ќе бидат зафатени со жолта, односно алертна фаза со температури до 40 степени.
Турската влада со новиот акционен план планира да привлече повеќе странски инвеститори и квалификувани работници во земјата.
Едно просечно семејство, во зависност од тоа колку членови се вклучени во собирањето печурки, дневно може да заработи од 30 до 150 евра.
Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ) денеска ќе потпише меморандум за соработка со Агенцијата за привремени вработувања Партнер.
Хрватското министерство за туризам со доделување на бесповратни средства преку програмата Конкурентност на туристичкото стопанство, со нешто преку 600.000 евра финансира 74 проекти за развој на посебен облик на туризам.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, со слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 29 до 38 степени.
Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од З.П. Кула - до тунелот Катланово) сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Системот за on line следење на готовинскиот промет во земјава би требало да ја намали даночната евазија за 25%. Во овој систем, што стартуваше во земјава, досега се регистрирани 28 фискални апарати со GPRS уреди.
Компанијата Благој Ѓорев оствари нето добивка во висина од 538.000 денари во период од 01.01. до 30.06., покажуваат податоците на неконсолидираниот биланс на успех.
Мурат Рекановиќ патентираше анатомска висечка мрежа за одмор Cocoon, направена со посебна техника за плетење - макраме, која го чува ’рбетот во природна положба и поднесува товар од над 300 килограми.
Корисниците на услугата ќе можат да ја изберат посакуваната дестинација и да дознаат на кој начин најлесно можат да стигнат и колку ќе ги чини тоа. Сето тоа ќе можат да го направат преку нивниот мобилен телефон.











