Yahoo не беше толку заинтересиран за услугите на оваа компанија, колку за купување на нејзините талентирани вработени, коментираат аналитичарите.
Македонската винарија Стоби склучи договор со специјализираниот увозник за висококвалитетни вина United Stars Canada, преку кој Винарија Стоби успеа да направи влез на своето вино Врнаец Класик на канадскиот пазар.
ПроКредит Банка го отвори аплицирањето за избор на нај ПРОактивни земјоделци од пет различни категории: житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство, органско производство.
Форд, која неодамна ја затвори фабриката во Саутемптон стара 40 години, ќе ја затвори и фабриката во Дагенхам на 26 јули и ќе го префрли производството во Кочаели во Турција.
Целта на оваа акција е да се информираат давателите на услуги и нивните корисници и да се воведе поголем ред во туристичката дејност.
Управата и Надзорниот одбор на компанијата предлагаат листање на акциите на Варшавската берза со цел подобрување на ликвидноста на акциите.
Детроит, колевката на американската автомобилска индустрија и некогаш четврти град по големина во САД, поднесе барање за банкрот. Со тоа некогашниот град на економски просперитет стана најголем град во американската историја што банкротирал.
Операторот Boom TV во својата понуда воведува нов телевизиски канал Klasik TV, со цел задоволување на потребите и вкусовите на поширокиот аудиториум.
Хрватската влада денеска на седница ја прифати предлог одлуката за продажба на 99,13% акции во Хрватска поштенска банка (ХПБ) и продажба на 40% акции и докапитализација на Кроација осигурување.
Јавниот повик за набавка на нови 150 товарни вагони веќе е објавен, а за патничките се очекува да биде објавен во текот на август.
Тргнувајќи од своето деветдецениско постоење, новото визуелно претставување на СКОПСКО е спој на традицијата - од која СКОПСКО ја црпи својата енергија и вредности - и модерното, на кое се надградува иднината на еден од најпознатите македонски брендови.
Украина и Русија се договорија заеднички да започнат производство на Antonov An-124 карго авион, најголемиот сериски произведен карго авион во светот кој може да носи до 150 тони товар.
Словенечката централна банка ги објави податоците за активностите на банките во првите пет месеци од оваа година. Според нив, вкупната загуба пред оданочување изнесува 117 милиони евра.
Oд 20 декември годинава, германската авиокомпанија Флај Германија ќе почне со редовни летови Скопје – Берлин и тоа два пати неделно, во понеделник и петок.
Двајцата директори разговараа и за поставување на заедничка станица каде ќе се врши примопредавањето на возовите, а разгледана е и опцијата за повторно воведување на патничкиот воз до Солун.
Интензивно се градат нови бунгалови во автокампот Ас во Струга поради зголемениот интерес кај гостите за камперски туризам.
Coca Cola во вториот квартал од оваа година оствари нешто помал профит и приход во споредба со истиот период минатата година, пред се поради економската ослабеност на Европа и Кина, но и лошите временски услови во светот.
Мелничарите ја поддржуваат владината одлука за условен увоз на пченица и брашно и сметаат дека треба да остане во сила во предвидените шест месеци.
Европската комисија ја разгледува можноста за намалување на високите надоместоци на трансакциите на дебитните и кредитните картички кои претставуваат завиден приход на компаниите за картички како Visa и MasterCard, пишува Financial Times.
Попусти од 10%, 20%, 30% во многу хотели на Јадранот. Сето тоа повеќе потсетува на мај или октомври, отколку на шпицот на сезоната
Одлуката за повлекување од Словенија датира уште од минатата година, а во Унгарија постои постојан политички притисок на банкарскиот сектор, што е главна причина за повлекување од таа земја.
Со измените на Генералниот урбанистички план (ГУП) на општина Велес, Топилницата за олово и цинк се брише од целокупната планска документација, а просторот се пренаменува во заштитно зеленило.
Владата предложи нови измени во Законот за јавни набавки со цел да се намалат трошоците и да се подобри пристапот на деловните субјекти во постапките на јавните набавки, да се подобри правната заштита и да се зголеми транспарентноста.
Министерот за сообраќај Синиша Хајдаш Дончиќ наводно им порачал на Французите дека следува раскинување на договорот доколку не ги исполнат договорените услови и работата не започне оваа есен.










