Со новините во даночното работење, со кои се предвидува задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП, целосно се укинува досегашниот традиционален начин на поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата.
Уметникот Николај Лам направи визуализација на големината, формата и бојата на wi-fi сигналите, како би изгледале кога би биле видливи за човечкото око.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ја потпише Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Сојузна Република Германија за финансиска соработка.
Авторката на класиците “Гордост и предрасуди“, “Разум и чувства“ и “Ема“, на фунтата ќе го замени научникот Чарлс Дарвин од 2016 година.
Станува збор за по две локации во општините Велес, Свети Николе и Штип, по една во Демир Капија, Градско, Росоман.
Приходите на компанијата достигнале 35,3 милијарди долари, додека во истиот период лани изнесувале 35 милијарди долари. Растот на приходите се должи на растот на продажбата на iPhone на пазарите во САД за 51%, а во Јапонија за 66%.
Регулаторната комисија за енергетика предлага цената за топлинска енергија од 1 август годинава да се намали за 2,82% за корисниците на Балкан енерџи груп, 2,12% Скопје Север и за 0,71% за корисници што се греат преку ЕЛЕМ – Енергетика.
КХВ при проверка на реализацијата на неколку налози за тргување со акции дадени од клиенти утврди дека брокерската куќа не ги внесувала во системот за тргување по хронолошки редослед по кој тие се заведени во книгата на налози.
Одлуката за условен увоз на пченица и брашно од Србија нема да се укине се додека не заврши откупот на домашното лебно жито и додека пазарот со брашно не се избалансира.
Делегација на водечката светска инвестициска банка Goldman Sachs денеска и утре ќе престојува во Србија, каде со претставници на српската влада ќе разговараат за проекти и можности за инвестирање.
Просторот е опремен со повеќенамеснка кујна - модерни кујнски елементи, мал шпорет, мијалник, простор за чување предмети и масичка која се поставува по потреба.
Инвестициските дијаманти на хрватските клиенти ќе им бидат понудени како алтернативен облик на штедење и ќе им бидат конкуренција на златото или недвижностите.
Карстен Шлотер, извршниот директор на телеком компанијата Swisscom, е пронајден мртов во неговиот дом во регионот на Фрајбург, соопшти полицијата. Властите претпоставуваат дека станува збор за самоубиство.
Косово кон крајот на годината ќе почне со изградба на автопатот од Приштина до Блаце, кој ќе биде завршен за 42 месеци.
Акцијата за категоризација на издавачките објекти стартуваше кон крајот на мај, со цел да се откријат непријавените издавачи на соби.
Македонија го потпиша договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек. Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради дали од Србија или Бугарија треба да одлучи Газпром.
Компанијата SunWireless потпиша договор со менаџментот на СЦ Борис Трајковски со што стана ексклузивен Wi-Fi провајдер во скопскиот Аква Парк кој беше отворен во неделата.
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави дека листата на фирми што не исплаќаат плати на вработените, а кои во моментот се околу 14.000, веројатно ќе биде објавена на есен.
Македонската страна во разумен рок да го реши прашањето со условениот увоз на пченица и брашно, прифатија Македонија и Србија на вонредната седница на ЦЕФТА што вчера се одржа во Белград.
Промоцијата се применува за сите ново-отворени сметки и активирани сметки во периодот од 15.07.2013 до 30.09.2013 година.
На официјалното прогласување беше потпишан и договор преку кој странските пазари ќе станат многу подостапни за компании од ИТ индустријата од Македонија и Балканот.
Модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана на три дена ги затворија своите девет продавници во Милано, мартини барот и златниот ресторан во знак на протест поради критиките на градските власти дека избегнувале плаќање на данок.
Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, денеска ќе замине за Москва, каде утре треба да го потпише договорот за Јужен тек.
Македонија нема намера да ја повлече или да ја измени мерката за условен увоз за пченица и брашно до крајот на годината, односно до стабилизирањето на пазарот, како што беше и првично планирано.










