Бор од Кавадарци, подружницата на Македонски шуми, од утре ќе започне да издава дозволи за собирање шумски плодови.
Руските инвеститори се интересираат за програмата за приватизација во Словенија, а особен интерес покажуваат за Телеком Словенија, банките и Аеродром Љубљана.
Годинава во Охрид изостанаа најбројните гости, српските туристи, кои важат за добри потрошувачи.
Во три фабрики на партнерот Pegatron на оваа компанија работат малолетници, а неделно се работи во просек 69 часа. Притоа, хигиената е на ужасно ниско ниво. Истражителите на CLW во фабриките работеле прикриено.
Руската комисија за заштита на потрошувачите забрани увоз на кондиторски производи од украинската компанија Roshen, поради сомневање во квалитетот и безбедноста на производите од четири фабрики на компанијата.
Турскиот авио-оператор ТАВ соопшти дека се квалификувани да конкурираат за правото да оперираат и да го реконструираат Ла Гвардија аеродромот во Њујорк, како дел од конзорциум.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пораст 1,9%
Унгарската влада размислува од идната година да воведе данок на луксузна стока од 30% до 35%, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Просечната месечна исплатена нето плата по работник во мај годинава изнесува 21.288 денари и бележи зголемување од 2% во однос на мај лани.
Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница одржана денес одлучи да се зголеми цената на литар еуросупер-БС 95 за 1,50 денари, на 82,50 денари, а цената на литар еуросупер-БС 98 да се зголеми за еден денар, на 84 денари.
Според податоците што компанијата Google редовно неделно ги објавува, сопствениците на авторски права од почетокот на годината побарале да се тргнат преку 100 милиони URL линкови од пребарувачот.
Следната година ќе се реконструира железничката делница од Битола до Кременица, на границата со Грција, во должина од околу 17 километри.
Во рамки на неформалната меѓувладина мини седница која се оддржа во Ќустендил, Бугарија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, оствари билатерална средба со Димитар Греков, бугарскиот министер за земјоделство и храна.
Американската маркетинг агенција Omnicom и француската Publicis ќе се спојат во една, најголема маркетинг фирма на светот, вредна 35,1 милијарди долари.
Пивоварна Лашко потврди дека е започната постапка за продажба на Раденска. За најголемиот словенечки произведувач на минерална и изворска вода се интересира чешката компанија Кофола.
Општината Вевчани доби грант од 1.220.000 денари за изградба на пристапен пат до новоизграденото училиште Страшо Пинџур.
Најризични работни места и најмногу на удар од високите температури се градежништвото, земјоделството, енергетиката, металургијата, сообраќајот, прехранбената индустрија, текстилот, армијата, полицијата.
Главни цели на самитот се привлекување на странски инвестиции и поддршка на македонскиот бизнис сектор преку воведување на нови и најдобри пракси на полето на иновации и претприемништо.
Коестлин, Мегле, Лура, СМС, Сирела, ППК Карловачка месна индустрија се само некои од фирмите чии производи веќе нема да стојат на полиците во продавниците во БиХ.
Според некои проекции, Twitter денеска вреди преку девет милијарди долари.
Засега авиопревозникот ќе се фокусира на летови меѓу Москва и Будимпешта, за што веќе има дозвола од руските власти, а првиот лет е планиран за 23 септември.
Здружението Мултилингвална и мултикултурна хармонија во партнерство со универзитетот Поинт Парк во Питсбург, денеска во Охрид ќе претстави проект за промоција на Охридско-струшкиот регион наменет за американски пазар.
Одлуката за воведување на мерката за условен увоз на пченица и брашно ќе биде укината кога ќе процени Владата, односно Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство дека се исполнети два услови.
Вложувањето во енергетска ефикасност е дел од пошироките настојувања на компанијата да ја зајакне конкурентноста на меѓународниот пазар.










