Со пуштање на топла вода и нејзино движење низ хидро инсталацијата се активира сензорот на прекинувачот што го исклучува струјното коло, а со затворање на топлата вода струјното коло се вклучува.
Оперативното работење ќе биде поделено на неколку сектори коишто ќе имаат свои управи, но стратешките одлуки ќе ги носи одборот на холдингот.
Туркоглу работи на проектот NIO EP9 со компанијата NextEV од Сан Хозе Силиконска долина од 2016 година и го води тимот што го разви алгоритмот за најбрзиот автономен автомобил.
Фарма за магариња во Подгорица отвори работно место за лица кои во текот на работните денови ќе доаѓаат да ги галат, тимарат и да разговараат со животните.
Целата линија има 16 станици, а кога ќе биде целосно функционална ќе ја користат околу 700.000 патници дневно.
За следната година, Меркатор планира да инвестира 37,7 милиони евра, а скоро половина од нив ќе бидат за зајакнување на малопродажните капацитети.
Илирика ќе ги преземе и сите вработени во оваа компанија.
Овој старт – ап моментално е ориентиран кон развој на нови производи, пред сè беспилотни летала и специјални возила, базирани или на композитни материјали.
Со оваа картичка ќе може да се влезе и во национални паркови, музеи и авион.
Главниот град на Хрватска во конкуренција од 20 градови ја одбрани титулата и оваа година оставајќи зад себе градови како Колмар, Виена, Стразбург, Прага...
Научниците пронашле начин како од крилјата на пеперутките да ја издвојат секоја лушпа и да ја вметнат во банкнота, бидејќи меѓу сите пперутки на планетата не постојат две исти лушпи.
Просечната цена на огревното дрво во Романија од 2011 до 2017 година е зголемена за 250%.
Босна и Херцеговина нема сопствена компанија бидејќи BH Airlines ја загуби дозволата за работа, а потоа и имотот поради големи долгови.
Четири од 10 родители доживеале притисок во текот на изминатата година да купат за своите деца работи за кои не планирале да потрошат пари.
Над 60% од компаниите со 10 или повеќе вработени во Турција прикажаа некаков вид на иновативна активност во период од 2014 до 2016 година.
Грчкиот фонд, освен што сака да се прошири низ целиот регион, исто така сака да ја прошири и својата мрежа на соработници. Цел им се: инкубатори, акцелератори, бизнис ангели, консултанти и старт – ап хабови.
Bank of China уште во 2015 година ги почна подготовките за формирање комерцијална банка во Турција, по формирање на претставништво во 2011 година.
Компанијата бара инвеститор кој ќе стане нов косопственик на компанијата и ќе помогне во долгорочниот раст и развој.
Zebright го детектира пешакот, го активира осветлувањето и со тоа го известува возачот дека има пешак на пешачкиот премин.
Локомотивата ќе има систем за наизменична струја и моќност од 5.000 киловати, а ќе достигне брзина од 160 километри на час.
Безжичните сензори ќе бидат инсталирани на 43 паркинзи со вкупно 1360 паркинг места.
За само 50 евра годишно може да се изнајми половна машина за перење или шпорет.
Изградбата на хотелот треба да започне на крајот од месецов, а отворањето на хотелот е најавено за 23 декември.
Тијана и Марко Манојловиќ од Србија направија нискокалорично и органско чоколадо Čoko bum.











