Асоцијацијата на турски индустријалци и бизнисмени (TÜSİAD) соопшти дека забраната на Twitter, која е против слободите, очигледно открива неосновани стравови и не и служи на демократијата.
Поради користењето на заштитената виолетова боја на брендот Милка на Крафт, Краш мора да ги повлече и уништи своите виолетови пакувања на ментол бонбони без шеќер, гласи правосилната пресуда на Високиот трговски суд во Загреб.
Финансискиот советник, консултантската компанија КПМГ, вчера објави јавен повик за оние што се заинтересирани да купат 75,5% од акциите во компанијата која управува со аеродромот Јоже Пучник во Љубљана.
Заинтересираните за Институтот не можат да понудат помалку од 10 милиони евра за мнозинска сопственост на најголемата и најпознатата институција за мултидисциплинарно бањско лечење на Медитеранот.
Компанијата ќе произведува и испорачува куќишта за предни светла за Opel Corsa кои ќе се произведуваат во фабриката во Загреб, а очекуваниот приход за една година производство е околу 4,5 милиони евра.
Национална банка на Грција (НБГ), која е сопственик на Finansbank во Турција, ја купи Кристалната кула во Истанбул за 303 милиони долари, пишува весникот Хуријет.
Во Србија, по жител годишно се трошат 55 литри млеко, 16 литри масло за јадење, 25-30 килограми шеќер и 60 килограми месо.
Станува збор за мало возило од кинеско производство. Масата му е 750 килограми, а максималната брзина е 75 километри на час.
Стечајната управа на ски центарот Дурмитор распиша нов оглас за продажба на истоимениот хотел со земјиштето што му припаѓа и 13 бунгалови на Жабљак, по почетна цена од 2,8 милиони евра.
Во групата мали бизниси кои ги затвориле своите врати најчесто се продавници, таксисти, возачи на камиони, мали фирми за селидба, сопственици на интернет кафеа и сопственици на ресторани.
Словенечката најголема банка Нова љубљанска банка (НЛБ) соопшти дека ја затвора филијалата во Трст кон средината на 2015 година.
Според правилникот, нема веќе влечење на туристите за ракав, а ќе се тргаат и вишокот столчиња пред угостителските објекти.
Бугарија размислува увезената стока да биде со етикети испишани целосно на бугарски јазик, соопшти министерот за економија Драгомир Стојнев во интервју за Труд.
Во јануари вкупната количина собрано кравјо млеко била 3,1% помала во однос на јануари 2013 година, а производството на млеко за пиење е паднато за 30,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Словенечкиот национален авиопревозник Adria Airways од 22 април ќе почне на патниците во економската класа да им наплаќа за храната и пијалоците.
Поранешниот шеф на Федералните резерви на САД (FED), Бен Бернанке, во септември ќе дојде во Турција и ќе одржи ексклузивен говор за кој ќе добие 300.000 долари, пишува Хуријет.
Министерството за економија на Црна Гора соопшти дека нема заинтересирани странски инвеститори за изградба на систем хидроцентрали на Морача.
Податоците на Агенцијата за стопански регистри (АРП) покажува дека скоро 25.000 фирми во Србија немаат ниту еден вработен, а 22.000 имаат по еден.
Најголемиот словенечки трговски ланец Меркатор вчера започна акција Гарантираме најниски цени, со која ги намалува цените на 10.000 производи од сите групи, за ценовно да се приближи до конкурентите, трговските ланци Spar, Tuš, Lidl и Hofer.
ICP е непрофитна иницијатива, односно организација, основана во 2001 година од Paulig од Финска, Löfbergs Lila од Шведска, Lavazza Италија, Neumann Kaffee Gruppe и Tchibo, Германија.
Најголемиот словенечки произведувач и преработувач на пилешко месо Перутнина Птуј е задолжена со 110 милиони евра, а со банките преговара за репрограмирање на дел од финансиските обврски.
Според договорот, кој е предмет на регулаторно одобрување, Hero ќе купи 50% од акциите на Hero Gıda кои му припаѓаат на Ülker, со што станува единствен сопственик на подружницата.
Офшор компанијата Централноевропска алуминиумска компанија (CEAC) бара надоместок за штета и загуби, вклучувајќи и надоместок за незаконска експропријација на инвестициите на CEAC и очекува на име на оштета да добие преку 600 милиони евра.
Саемот на автомобили BG car show и Меѓународниот саем на мотоциклисти Motopassion, со преку 260 излагачи, ќе се одржи од 14 до 23 март во халите на Белградскиот саем.