Додека националниот пазар на недвижнини поради рецесијата бележи пад на цените на квадрат во Хрватска, на подрачјето на Дубровник цените стагнираат повеќе од две години, без назнаки на скоро намалување.
Србија до крајот на годинава може да очекува помалку странски инвестиции од лани, а ќе изнесуваат од една до 1,2 милијарди евра, изјави заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА), Бојан Јанковиќ.
Хрватскиот вицепремиер и министерот за економија, Радимир Чачиќ поднесе оставка, откако унгарскиот суд го осуди на 22 месеци затвор поради сообраќајната несреќа што ја предизвика во оваа земја во јануари 2010 година, во која смртно настрадаа две лица.
Додека земјоделците од Босна и Херцеговина тонат се подлабоко поради проблемите со кои се соочуваат при производството, храната од животинско потекло во оваа земја се увезува од сите континенти. Месо се увезува од Австралија и Уругвај, а млеко и павлака од африканската држава Сиера Леоне.
Преку три четвртини од потенцијалните претприемачи кои би започнале сопствен бизнис, би инвестирале во него до 15.000 евра. Истражувањето покажа дека 31% од луѓето коишто сакаат да започнат сопствен бизнис го избираат ИТ секторот, затоа што средствата за стартување на ваков бизнис се помали.
Акционерите на најголемите словенечки банки ќе одлучуваат кон средината на декември за издавање нови акции и докапитализација, за банките да го доведат својот капитал во согласност со барањата на европската регулаторна агенција.
Министрите за финансии на еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд вчера јавно се конфронтираа околу продолжувањето на рокот на Грција за да ја среди состојбата во јавните финансии
Србија мора да најде решение кое ќе и овозможи да стане дел од Светската трговска организација (СТО), вели српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ и додава дека земјата мора да ја задржи заштитата во поглед на промет со генетски модифицирани организми (ГМО).
Телеком Словенија доби 3,2 милиони евра од европските фондови за проектот eBadge, чија цел е воспоставување меѓународна паметна електроенергетска мрежа, Смарт грид, со акцент на услугите понуда и побарувачка.
Австриската Hypo bank не очекува нејзината мрежа на Балканот да ја купи друга австриска банка, туку тоа да го направат меѓународни инвеститори.
Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2013 година, кој предвидува нови намалувања на платите и на пензиите, зголемување на даноците и мерки за полесно отпуштање на работниците, и покрај силното противење на јавноста.
Агенцијата за кредитен рејтинг Standard & Poor’s објави предупредување за можната негативна промена на кредитниот рејтинг на Република Словенија, а како директна последица на ова, за можната негативна промена и на кредитниот рејтинг на групацијата Триглав.
Претседателот на Хрватското здружение на синдикати, Озрен Матијешевиќ оцени дека хрватската индустрија умира во агонија и дека, доколку политиката не превземе иницијатива и одговорност во управување со општото добро, извесна е нејзината смрт
Министерството за финансии на Црна Гора соопшти дека не е предвидено зголемување на стапката на данок на додадена вредност (ДДВ) во нацрт законот за буџетот за следната година.
Поради реструктуирањето во работењето и се послабите резултати и очекувања, Central European Media Enterprises (CME) до крајот на годината ќе ги продаде своите удели во хрватската национална телевизија Нова ТВ и во словенечката ПОП ТВ.
Финската текстилна компанија Lindström наскоро во близина на Загреб ќе отвори сервисен центар за наем на висококвалитетна работна облека, која пред се ќе биде наменета за деловните клиенти.
Странските инвеститори доаѓаат во Србија само ако успеат да обезбедат профит кој е за една петтина повисок од матичната земја, велат консултантите за Новости.
Хрватското новинарско друштво (ХНД) изрази незадоволство од одлуката на издавачот на дневниот весник Business.hr и неделникот Aktual, Business Media Grupa, да подели 35 откази на новинарите и другите вработени и ги повика инспекциите да проверат што се случило.
Канадската компанија Avala Resources, која истражува минерални наоѓалишта во источна Србија, на планината Црн Врв, на истражното поле Коркан, открила нови рудни залихи од кои, по преработката, може да се добие 30 тони злато
Земјите од Западен Балкан годинава се соочуваат со нова рецесија, при што најголем пад на економијата од 2,5% се очекува во Србија, а опоравувањето во 2013 година ќе биде многу споро, предупреди Светска банка.
Грчката влада ги усвои пакет мерките за штедење во висина од 13,5 милијарди евра. Овие мерки на штедење се однесуваат на зголемување на даноци, ограничување на потрошувачката и структурни реформи.
Властите на Република Српска ќе побараат од Хрватска да им ги врати недвижнините, главно одморалишта во сопственост на претпријатија од овој ентитет пред распадот на Југославија, а потоа ќе ги продадат, изјави јавниот правобранител на РС, Слободан Радуљ.
Новата српска национална авиокомпанија ќе започне со работа во март следната година, со летен ред на летање. Тогаш ќе стигнат четири ербаса 319, коишто државата ќе ги земе на лизинг. Во есен ќе стигнат уште четири ATR 72-500, исто така на лизинг, пишува Новости.
Корушка Хипо Алпе Адриа Банк објави, во рамките на мерките за спас, одлука за продажба на своите банки во пет земји од југоисточна Европа, кои од сега официјално се на пазарот, јавува австриската новинска агенција АПА.