Корисникот добива чиста и испрана облека без да се грижи дека е оштетена, а од друга страна заштедува време и електрична енергија.
Откако локалните весници пишуваа за неговата “невообичаена“ компанија, Хол дневно прима 300 апликации за работа.
Ќесичката собира околу 300 до 350 грама овошје или зеленчук, од кои се добива од 200 до 250 милилитри сок.
Scorpio - 3 може да лета 27 минути и да носи тежина од 120 килограми. Максималната брзина што може да ја достигне е 50 километри на час, а може да се подигне на висина од 10 метри.
Аплицирајте до 28-ми февруари! Наменето е за жени и девојки со бизнис идеја или веќе основана компанија.
Апликацијата нуди поддршка и за превозниците, бидејќи во секој момент може да видат каде се наоѓа нивниот автобус во реално време, колку билети се продадени, колку патници има во автобусот и слично.
Станува збор за таканаречено “течно стакло“ што може да ги прекрие неправилностите или вдлабнатините на стаклените површини, создавајќи тенок и невидлив слој.
Надворешниот дел од шишето е изработен од 100% органски растителни влакна од бамбус и шеќерна трска. Внатрешниот дел од хартиеното шише е направен од рециклирана смола којашто ја дава неопходната непропустливост на течност.
Во тек е пријавување на нови бизнис идеи во Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија. Секој што има идеја за стартување бизнис, може да аплицира на повикот, којшто е отворен до 24 февруари 2017.
Наменета е за лица кои имаат пречки во вербалната комуникација и им го олеснува начинот на комуницирање со блиските луѓе.
Фондот за иновации и технолошки развој денеска со почеток во 11 часот организира Ask me anything сесија со Волфганг Книејски, претседател на Комитетот за одобрување на инвестиции. Кафе сесијата ќе биде на англиски јазик.
Освен што има камера, Dride во исто време е и систем за навигација, препознава говорни команди и сигнализира доколку има некаква опасност на патот. Корисникот може да направи и сопствена апликација во зависност од неговите потреби.
Со само едно притискање на Kai, корисникот ќе може да контролира електронски уреди во домот, да добива информации за времето, колку калории содржи одредена храна, како некој збор се изговара на различен јазик...
Рокот е продолжен до 19-ти февруари!
Од целиот процес, којшто трае 30 секунди, може да се добијат 1,3 литри здраво и свежо млеко.
Третиот дел ќе биде посветен на co-working културата во Македонија и како се развива. За CEED Hub Skopje ќе зборува Јована Петковска.
За да може да плати, корисникот само ги вади очилата и ги доближува до бесконтактниот читач со што го извршува плаќањето.
Фондот за иновации и технолошки развој организира Founders day, на којшто во четврток ќе бидат претставени три успешни бизнис приказни на три стартапи коишто добија поддршка од фондот.
Магнетот, исто така, овозможува телефонот да се прицврсти и на метални површини, да се постави на шише, а лентата може да се носи и на рака.
Наменет е за хоби, забава, но и за сериозни фотографии со мал формат.
Startup Macedonia и Seavus Incubator ги повикуваат сите стартапи од цела Македонија да се приклучат на старт - ап дискусија во вторник, на 07.02.2017 во Сивус инкубаторот. Настанот Стартапи од цела Македонија, обединете се!, кој е дел од Европската старт -ап недела, ќе започне во 17 часот.
Аплицирајте до 10-ти февруари! Акцелераторската програма, која трае 14 недели, на стартапите ќе им обезбеди работен простор, ментори, советници, многу настани, едукација, вмрежување, поддршка во развојот на производите или услугите.
Европската недела на стартапи ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и предавања. Ќе трае до 10-ти февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар.
Настанот се одржува на 06.02.2017 (понеделник) во контакт центарот на Фондот за иновации и технолошки развој на Рекорд, од 09:00-16:00.











