Вработување.ком и Вработување лизинг се двете најактивни агенции во земјава од брендот Вработување. Вработување.ком посредува при вработување, додека Вработување лизинг посредува при ангажирање на привремени работници.
Зградата во која се наоѓа баров е од 1920 година и има уште еден алтернативен излез. Тоа беше главната идеја, да се држиме строго до некои speakeasy правила. Почнуваме постепено да пишуваме една сосема друга историја во урбаниот живот во Скопје.
Отежнувачка околност при работењето е и релативно слабата економска моќ на просечниот Македонец. Освен во урбаните средини, во селата културата на поставување на греење е на многу ниско ниво, секако, главно од финансиски причини.
Јас секогаш потенцирам дека е потребно да се подобри културата на менаџерите, во смисла на тоа дека е потребно да користат правни услуги ако сакаат да бидат заштитени. Трошокот за тоа е многу мал, а штетата може да биде многу голема.
Електричните возила се нешто што сигурно ќе дојдат, но тоа нема да биде брзо. За тоа е потребно и посебно инфраструктурно решение, а важен фактор е и нивната висока цена
Она што ние го правиме наликува на стрес-тест, преглед, разголување, студено попишување на проблеми и недостатоци. Природно, кај компаниите во Македонија се уште постои отпор кон ваквиот пристап.
Водејќи се според вистински принципи и цели, кои вклучуваат стремеж кон што поквалитетни производи со модерен дизајн и разновидна понуда, ние полека но сигурно успеавме во својата цел – создадовме едно успешно македонско производство.
Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејќи се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини.
Наша цел е да е изградиме силен и прогресивен однос адвокат - клиент базиран на меѓусебна почит и доверба, со максимална посветеност на трите клучни вредности: стратегија, професионализам и ефикасност.
Некогаш било убаво да си занаетчија. Напорно, макотрпно, но убаво. Денес да си занаетчија значи едвај да врзуваш крај со крај.
Volkswagen и Škoda се омилени на пазарот, Audi нема конкуренција во премиум сегментот, а Porsche е јаготката на врвот...
Покрај комерцијалниот карактер, Саем на Жена има и едукативен дел, кој му ја дава целата тежина и којшто го прави различен од било кој друг сличен настан. Во текот на тие три дена колку што трае, се одржуваат преку 100 предавања на многу, многу теми.
Кога ќе одлучите да работите со веќе докажан бренд ширум светот, застапен во повеќе од 30 држави со над 700 центри, тогаш успехот ви е загарантиран. Ние само го следиме чекорот на многуте успешни примери.
За овој чекор пред се беше неопходно да имам добра мотивација и желба за напредок што веќе го поседував, како и огромна поддршка од моето семејство.
Докажаното искуство и експертиза во оваа област со повеќе од 20 години професионално работно искуство гарантира единствени решенија со изградени односи на искреност, чесност и интегритет со клиентите кои ќе останат долготрајни
Се развивавме постепено, напорно работевме, не како некои фирми кои преку ноќ доживуваа бум. Нас ни требаа години.
Свесни сме за фактот што многу од туристите поради пристапноста на цените одат на одмор во околните држави, но обемноста на нашата понуда ќе ги задоволи и најпрефинетите вкусови.
Целата наша фирма се движи кон тоа да го задоволи муштеријата најмногу што може, да може потрошувачот повторно да се врати и да има доверба во нас. Довербата ни е најважна.
Добрата страна на нашиот бизнис е што производите што ги нудиме на пазарот немаат краток рок на траење, не се расипуваат, а и не се менуваат како модата, па единствен фокус на нашите вработени е како побрзо да ги услужат нашите клиенти
David Guetta немаше некои посебни барања, сакаше да има една соба со клима и кетеринг, за разлика од Carl Cox, кој бараше исклучиво црни или тегет пешкири.
Уште на почетокот се определивме за ексклузивни аранжмани кои се однесуваат на подалечни дестинации и долги години бевме единствени со ваква понуда. Покрај нив, она што ја обележува Аурора Турс се пакет аранжманите со чартер летови од Скопје
Луѓето не треба да копираат, туку во своето опкружување да се обидат да остават свој печат, да се водат од личните желби и потреби.
Минимална плата на брод е 700 долари, а за оние што одат прв пат, максималната месечна плата е 4.000 долари. Нормално, секоја плата со текот на годините расте, па оној што почнал со 700, сигурно за неколку години ќе дојде до 2.500 – 3.000 долари.
Казаз е еден вид плетење на накит и украси. Се изработува од сребро или од 24 каратно злато, развлечени во конец со дебелена од 0,08 микрони. Накитот се изработува рачно и се работи со помош на обична жица и игла за шиење.