Живеам живот што сама сум го одбрала, работам работа што ја обожувам и секогаш се трудам да искористам се што ми пружа животот.
Македонскиот пазар до сега немал можност да види ваков концепт на маркетинг, кој им овозможува на претпријатијата нов и ефективен начин на испраќање на пораките до домовите на своите таргет групи.
Од столарница во гаража, до модерна фабрика од 1.200 метри квадратни е сонот што го реализирал Ѓорѓи Христов, менаџер на Мебел Ес Еф. Христов вели дека за следните 2-3 години цел на компанијата е добро да се етаблира на македонскиот пазар.
Како и во секоја професија, така и во човечки ресурси, би било добро луѓето да имаат лидерски способности. Важно е на некој начин да бидат визионери, да ги следат трендовите и да имаат слух за својата организација, но и опкружувањето во кое се наоѓаат.
Постојано се едуцираме, се надградуваме и во план ни е по завршувањето на докторските студии да прераснеме во центар за орофацијална болка, кој ќе биде прв во регионот, а може и пошироко.
Либерализацијата во земјите од регионот доведе до благо зголемување на цената на електричната енергија, но, во случајот со Македонија, ситуацијата може да биде и малку поинаква.
Жито маркети минатата недела одбележа 25 години постоење. Според генералниот директор Далибор Ѓошевски, јасната визија, поставената цел и одлучноста да се исполни зацртаното ги доведоа до таму каде што се денес.
На младите би им препорачал прво да поработат некаде, да добијат некакво искуство, па тоа искуство да го интегрираат во сопствениот бизнис.
Македонските фирми мора да бидат покреативни, потребно е да земаат странски консултанти кои ќе ги насочат на пат кој ќе ги направи поконкурентни на пазарот. Македонскиот народ е паметен и вреден, но му недостига одлучност.
За еден човек да биде успешен треба да има доверба во својот талент и способности, а не во себе, бидејќи преголемата самодоверба се претвора во ароганција, која на крај ќе го уништи.
Генерално имаме проблем со тоа што рударите се веќе од постарите генерации. Значи најголем проблем ни се човечките ресурси. Без добра екипа нема иднина. Тоа е проблем во сите рудници.
Нашето четиридецениско постоење ни покажува дека немаме конкуренција. Не постои човек кој не слушнал и не бил во Палма. Ниту пак, некој кој еднаш дошол, а не се вратил повторно.
Би можел да кажам дека своевидна слабост ми се архитектонски интервенции во некои природни амбиенти, каде објектот треба да се вклопи со опкружувањето, да не се наметнува и максимално да ја почитува природата.
УСАИД кофинансира 50% од вкупните трошоци за воведување на системи за мониторинг и управување со потрошувачка на енергија во приватни производни компании. Можеме да поддржиме вкупно 17 компании.
Изборот на вработените е без сомнение најважната функција на секој менаџер. При изборот на луѓето, познавањето на технологиите е факторот кој служи како квалификатор да разговараме со кандидатите, но одлучувачки фактор е нешто друго.
Годинава Прилепска пиварница слави 90 години од постоењето и со гордост може да се каже дека рецептурата од старите мајстори е традиција која пробуваме да ја пренесеме во Златен даб.
Генерално, сите компании го имаат истиот проблем, а тоа е наплатата. Се соочуваме со момент да имаме каде да пласираме роба, а да имаме проблем да ја наплатиме.
Финалниот примерок на бебешката лична карта наликува на слика, бидејќи е урамен и покриен со стакло. Идеалната возраст за земање на отпечатоци е шест месеци.
Во 200 најуспешни македонски компании сме 10 години, а за прв пат годинава се појавивме и меѓу најголемите. На пазарот сме скоро 30 години, имаме многу искуство и ги научивме правилата.
Не интересираат сите индустрии што додаваат вредност, значи или производствени или услужни фирми кои сепак имаат потенцијал да растат и да вработуваат луѓе. Инвестирањето во стартапи не е исклучено, но сме многу претпазливи.
Мисијата на Гринагро е да им овозможи на фармерите преку правилна исхрана да дојдат до поголеми приноси и високо квалитетни производи.
Голема улога во разбирање на проблемите со загадувањето лежи во информирањето и подигањето на јавната свест.
Кај нас, клиентите добиваат она што ќе се договориме и како количина и како тип на храна. Работиме онака како што најголемиот дел од клиентите имаат потреба и очекувања.
На македонската индустрија и треба што поголема употреба на европски стандарди, за да бидеме изедначени на европскиот пазар.