Се очекува реализацијата на оваа мерка да придонесе за поттикнување на иновациите и трансфер на технологии кон стопанството и меѓу компаниите, освојување на нови пазари, јакнење на знаењата и вештините за развој на кластерите, зголемување на конкурентноста на македонска економија и др.
Групацијата Триглав, според неревидираните податоци, оствари 84,4 милиони евра добивка пред оданочување, а планирано беше помеѓу 70 и 80 милиони евра.
Право на учество на јавниот повик имаат претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО од лица државјани на Република Македонија, кои ги исполнуваат следните услови: работење во траење од најмалку 3 месеци пред објавувањето на јавниот повик, да имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија, да имаат минимум 3 вработени на неопределено полно работно време и со подмирени обврски кон државата и вработените.
Банките со својата висока капитализираност и ликвидност се стабилни и отпорни на шокови.
ЕОЅ денес е препознатлив интернационален бренд, со седиште во Хамбург кој обезбедува услуги специјализирани во три области: Наплата на долгови, Откуп на доспеани побарувања и Комплетно преземање на процеси.
Во Скопје досега поднесени се вкупно 50.058 даночни пријави, во Битола 17.669, во Тетово 11.050, во Струмица 7.873, во Прилеп 19.231 и во Штип 24.969.
ЕВРО ФИКС 15 депозитот нуди фиксна каматна стапка од 1,5% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата. ЕВРО ФИКС 25 депозитот нуди фиксна каматна стапка од 2,5% годишно, со можност за месечна исплата или припис на камата.
Со оваа Програма, малите и средни компании ќе имаат можност да добијат 30% поврат на средства направени во инвестиции за градење на нови хали, купување машини и други основни средства, а доколку прават инвестиции за развивање на нови производи, државата ќе изврши поврат од 70% од направените инвестиции за развивање на новите производи.
Јануарската просечна каматна стапка на новите кредити одобрени на домаќинствата бележи месечен раст од 0,15 п.п. и изнесува 5,50%.
Во периодот јануари - декември 2017 година во Алкалоид се реализирани 143 нови вработувања.
Според листата на Forbes еве кои се 10-те луѓе кои оваа година најмногу профитирале од криптовалутите:
Зголемувањето на приходот се должи на подобрениот квалитет на услугите за кредитирање, растот на оперативната профитабилност, реорганизација на деловната мрежа и воведувањето на нови дигитални услуги.
Компанијата забележала подем во сите три сектори. Продажбата во секторот хемиски супстанци пораснала за 5%, кај призводите за убавина 0,5%, а кај детергентите и другите производи за домаќинство се зголемила за 2%.
Заклучно со 22.02.2018 година, во УЈП се поднесени вкупно 85.031 Годишни даночни пријави, а се очекува да се поднесат над 400.000 даночни пријави до истекот на крајниот рок 15-ти март.
Сумата што ја заработил лани е само дел од неговото огромно богатство коешто се проценува на приближно 4 милијарди долари.
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.
Во декември 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не зеле плата.
Истражувањето уште еднаш потврди дека земјите од Балканот се меѓу оние со најниски примања. Македонија е една од најслабо рангираните држави со заработка од 3,31 милијарди долари во 2017 година.
За субјектите со вид на големина (микро и мали) коишто нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2018 година.
Аукцијата на благајнички записи на 13 февруари ќе се спроведе под непроменети услови, односно ќе се понудат благајнички записи во износ од 25.000 милиони денари и каматна стапка од 3,25%.
Според податоците, во Хрватска има околу 13.440 фирми што можат да се класифицираат како средни и мали, а повеќе од 1.300 имаат капитал помеѓу два и 20 милиони евра и токму тие претставуваат целна група за трговската платформа.
Парите за оваа мисија се обезбедени од производството на нафта и гас во Норвешка, а ќе бидат инвестирани во над девет илјади компании не само во Норвешка, туку и во светот.
Банката има лиценца што дозволува таа да оперира и на странски банкарски пазари, но, ако се утврди дека е виновна, ќе ја изгуби меѓународната дозвола.
Акциите на Airbus, коишто достигнаа рекордно високо ниво од 94 евра минатиот месец, беа намалени за 1,1% на 82,61 евра, по објавувањето на веста дека има проблеми со моторите произведени од компанијата Pratt & Whitney.