За изработка на планскиот биланс на успех за 2018 година се поаѓа од претпоставки, иницијални големини, базирани на искуства и стручни знаења на менаџментот, практични сознанија и сопствени пресметки.
КХВ одлучи на Балкан Петролеум холдинг лимитед да не му издаде дозвола за давање понуда за преземање на Макпетрол.
Охридска банка ги информира клиентите за променети во делот на кредитните картички и пречекорување на трансакциска сметка.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење или седиште, може да добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери.
Кога ќе имате преглед на сметките тогаш ќе можете да видите каде може да скратите, за да додадете на заштедата. Ќе имате увид во тоа колку трошите на основните работи, а колку давате за екстра услуги и потреби.
Бонусот во Србија или 13-та плата просечно изнесува 481 евра или 86% од просечната бруто плата.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Финансискиот магазин Global Banking & Finance на Стопанска Банка АД Битола по трет пат ѝ ги додели наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година.
Номиналната вредност на една акција е 2.650 денари, додека вкупната номинална вредност на акциите што се запишуваат изнесува 206.074.600 денари.
Стопанска банка АД – Скопје воведува надоместок за плаќање на режиски трошоци (сметки за: струја, вода, парно греење и комунална хигиена) и други услуги од специјализирани добавувачи (на пример: телекомуникации, мобилна телефонија, кабелски оператори) на шалтерите на банката.
Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 30-ти јуни следната година, во којшто сите новоодобрени станбени кредити ќе се одобруваат со 0% надомест за одобрување и администрирање.
Собранието со 62 гласа “за“, ниту еден против и воздржан го донесе Буџетот за 2018 година, во којшто вкупните приходи се проектирани на 193,5 милијарди денари, а расходите на 211,7 милијарди денари.
За десетина дена, оваа пиварница со 25-годишна традиција, собра повеќе од еден милион евра од 292 инвеститори што доаѓаат од 26 земји во светот.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, изнесува 23.356 денари, додека во бруто износ е 34.266 денари.
Комитетот за индекси на SEE Link ги вклучува акциите на овие две компании: Telekom Srpske a.d. Banja Luka и BH Telekom d.d. Sarajevo.
Компанијата за градежништво, инженеринг, трговија и услуги, Бим инвест инженеринг ДООЕЛ од Штип објави намера за преземање на Бетон од Штип.
Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор забележа извесно квартално намалување од 0,2 процентни поена и достигна ниво од 6,6%.
Банкоматите на Охридска банка Сосиете Женерал, на 23-ти овој месец, ќе бидат недостапни во времетраење од максимум три часа.
Даночните обврзници со седиште во Скопје и кои се администрирани во Регионалната дирекција Скопје, а кои претходно ќе закажат термин за средба со даночен агент преку Закажи средб@, ќе имаат предност во однос на останатите обврзници при добивањето на услугите во УЈП.
Приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат, додека дел од останатите приливи и понатаму ќе бидат предмет на оданочување, како на пример приливи по основ на извршена услуга.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од којшто ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е втори јануари 2018 година.
Оваа промоција се однесува само за кредитни картички на физички лица.