Станува збор за прва емисија на 1.000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра.
Прометот на Македонска берза во првите шест месеци од 2017 година беше на ниво од 2.044.055.517 денари, што е пораст од 49,04%.
Овие еднодневни обуки се за правата и обврските на даночните обврзници според Законот за регистрирање на готовински плаќања, Законот за додадена вредност и Законот за персонален данок на доход (приходи од имот и имотни права).
Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена Радиодифузна такса до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи УЈП ќе отпочне со постапки за присилна наплата.
Министерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal за да се отпочне постапката за воведување на услугата прием на пари (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal.
Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 28.07.2017 година, а списокот на добитници ќе биде објавен на интернет сајтот на Комерцијална банка.
Кредитната активност и во јуни продолжи да расте со солидно темпо, при раст на кредитната поддршка и на корпоративниот сектор и на населението.
Новите депозитни продукти се со рочност до 60 месеци, при што депозитите со рочност до 36 месеци имаат фиксни каматни стапки, додека каматните стапки кај депозитите на 48 и 60 месеци се варијабилни и поврзани со 6-месечен ЕУРИБОР.
Форфетерот од моментот на откуп на побарувањето од извозникот станува нов доверител кон купувачот и го презема ризикот од евентуални проблеми во наплата на побарувањата.
Новите пакети на Охридска банка Сосиете Женерал овозможуваат со само еден надомест, клиентите да ги добијат по намалени провизии најповолните банкарски производи и услуги во шест различни пакети.
Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Во Србија преку глобалните платформи за групно финансирање, Kickstarter и Indiegogo, до средината на минатата година се собрани вкупно 653.134 долари.
Вкупните девизни резерви заклучно со 30-ти јуни оваа година достигнаа вредност од 2.399.900.000 евра или за 48,6 милиони евра помалку во споредба со претходниот месец (2.448.500.000 евра).
Вкупната купопродажна цена што Пелагонија ќе ја плати за да стекне 100% од основната главнина на Здравје Радово е 12.630.000 евра.
Комерцијална банка АД Скопје е избрана да ја добие наградата на Комерцбанк за STP (системска обработка на плаќања) за 2016 година за одличен квалитет при извршување на плаќања и финансиски трансфери.
ТТК Банка ги информира своите клиенти дека во текот на летниот период, од први јули до 31-ви август оваа година, дел од експозитурите ќе имаат изменет режим на работно време.
Загубата во работењето на компанијата во 2016 година, според одлуката, ќе се покрие со идната добивка предвидена за 2017 година.
Европската комисија безусловно го одобри купувањето на Opel од Peugeot, според регулативата за спојување во ЕУ и соопшти дека не постои загриженост во поглед на пазарната конкуренција.
Со вкупно 126 трансакции и 17,61% учество во прометот на прво место се акциите на фармацевтската компанија Алкалоид.
Износ од 83.264.456 денари распореден во добивка наменет за реинвестирање, како што се наведува во одлуката, да се користи во 2017 година за вложувања во инвестиции.
Станува збор за ненаменски кредит при што по одобрувањето средствата се веќе на располагање на трансакциска сметка на корисникот во банката.
Нето загубата во износ од 9.669.287 денари остварени во деловната 2016 година се пренесува во акумулирана загуба од претходните години.
УЈП информира дека вршителите на авто – такси превоз на патници се ослободуваат од обврската за користење на интегриран автоматски систем за управување со 31-ви декември 2017 година.
По завршување на летната школа Биди банкар на Охридска банка Сосиете Женерал, сите учесници ќе добијат сертификат за учество во школата.